Студентскиот пленум денеска од 9 до 17 часот, организира референдум на кои студентите на УКИМ ќе треба да се изјаснат какво студентско организирање сакаат.
Студентите ќе одговарат на прашањето дали се „за“ или „против“, Студентскиот парламент (СПУКМ) да биде дел УКИМ. Студентскиот пленум предлага Студентскиот парламент на УКИМ да стане тело во рамки на Универзитетот, а со тоа да се зголеми контролата на парите кои оваа невладина организација ги троши, како и да има увид во начинот на кои се вршат студентските избори. Односно референдумското прашање гласи:"Студенту, дали телото кое те претставува, во рамките на универзитетот, да продолжи да биде невладина организација?" Студентскиот парламент пак е против вакво организирање бидеќчи студнетите ќе ја загубат автономијата.
- Овој референдум е важен затоа што ние веќе долги години се соочуваме со едно владеење на Студентскиот парламент како една организација која според финансиските извештаи парите ги троши на патувања и слични луксузи на сметка на студентите, додека има студенти, особено во домовите, кои живеат во мувла, растат печурки во нивните соби, на факултетите учиме во стари амфитеатри и мизерни услови, а последното што беше поттик за референдумот се студентските квази избори на кои имаше низа нерегуларности, немање избирачки списоци, немање паравани, интервенција на ЕБРД и тепање на студенти и секако крадење на избирачки материјал - изјави Ѓорѓи Рајчиноски од Студентскиот пленум.
Право на глас имаат сите студенти кои со себе ќе понесат индекс или студентска легитимација. Избирачки места ќе има на сите факултети во рамките на УКИМ.
До сега на Правен факултет до 9 и 30 гласале 30 студенти а се гласало и на архитектура, економски и ФЗ/ФЛФ.