Кристофер Колумбо го славиме како голем истражувач кој ја открил земјата која денес ја знаеме како Америка. Меѓутоа, историчарите започнаа да го негираат овој мит за него.
Тој не ја открил Америка и не докажал дека Земјата не е рамна. Впрочем, образованите луѓе тогаш знаеле за обликот на Земјата, поради што се обиделе да го спречат Колумбо да замине на патувањето. Тој, од друга страна, мислел дека Азија е поголема, а светот помал.
„
Today I found out“ појаснува дека поголемиот дел од „фактите“ за Колумбо се неточни или полуточни. Тој пловел низ океанот во потрага по богатство и, официјално, во име на Христијанството. Она што навистина го правел било заробување и силување на домородците кои ги сретнал, продавање на девојчиња за проституција и вршење други слични работи поради кои сосила бил вратен во Шпанија во окови. Кристофер Колумбо бил брутален, дури и според стандардите на неговото време.
Колумбо ја напуштил Шпанија со три бродови во август 1492 година. По два месеци пловење се појавила земја. По стапнување на островот, кој ќе го нарече Сан Салвадор (денес Бахами), Колумбо тргнал во потрага по злато и заробување на домородните жители.
Тој ја злоупотребил гостопримливоста на овие луѓе и кога ги видел златните обетки на нив, ги принудил да го однесат до местото каде го нашле златото. Патот ги довел до денешни Куба и Хаити. Колумбо мислел дека тоа било Азија.
Таму имало злато во реките, но не биле пронајдени огромните полиња злато кои ги очекувал Колумбо.
Вториот пат дошол со 13 бродови и 12.000 луѓе. Тој не ги наполнил бродовите со злато, но ги наполнил со робови. Така започнала прекуатлантската продажба на робови. Оние кои не биле пратени во Шпанија останале да го бараат малото количество злато кое постоело таму. Откако потрагата била неуспешна, Колумно ги вратил робовите дома и ги искористил за работа на своите нови имоти.
Во меѓувреме, жените биле подарувани како награда за неговите луѓе.
Има многу повеќе примери и записи кои посочуваат кон еден факт - Кристофер Колумбо не бил оној кој се претставува во јавноста. Можеби е време да започнеме да ги славиме вистинските херои.