Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува до крајот на годинава глобалната економија да достигне речиси 104 трилиони долари (според американската мерна скала) во номинална вредност.
Иако растот продолжува, закрепнувањето што се очекуваше во постпандемскиот период не оди баш добро. Поради конфликтите, тешкотиите во набавката на стоки и последователната инфлација, голбалните економски проекции се ревидирани надолу.
Глобалното годишно БДП за 2022 година првично се предвидуваше да биде 4,4% од јануари, но сега е приспособено на 3,6%.
САД сѐ уште се светски економски лидер со БДП од 25,3 трилиони долари, што е речиси една четвртина од глобалната економија. Потоа следува Кина со 19,9 трилиони долари, а на третото место е Јапонија со 4,9 трилиони долари. Потоа следуваат Германија (4,3 трилиони долари), Обединетото Кралство (3,4 трилиони долари), Индија (3,3 трилиони долари), Франција (2,9), Канада (2,2), Италија (2,1) и Бразил е на десеттото место со 1,8 трилион долари откако ја надмина Јужна Кореја. Русија е на 11. место со БДП од 1,8 трилион долари.
Иако растот на БДП на Кина забавува во последните години, предвидувањата се дека до 2030 година ќе ги надмине САД.
Други региони што се очекува во блиска иднина да доживеат раст се Блискиот Исток и Северна Африка, благодарение на повисоките цени на горивата, а Ирак и Саудиска Арабија се предводници тука. Растот на регионалното БДП во оваа област се очекува да биде околу 5% во 2022 година.
Фото: Visual Capitalist (за поголема резолуција, кликнете на сликата)
Од друга страна, некои од најмалите економии во светот беа тешко погодени од пандемијата и последователно се најпогодени од инфлацијата и недостигот на храна, што е резултат на војната во Украина.
Најниско БДП во 2022 година има Тувалу, само 66 милиони долари, а потоа следуваат Науру со 134 милиони, Кирибати со 216 милиони, Палау со 244 милиони долари итн.
Додека глобалниот економски раст веќе е ревидиран надолу, можно е ситуацијата да биде уште посериозна. Организации како Светската банка велат дека ризиците од стагфлација се зголемуваат.
Извор:
Visual Capitalist
Насловна фотографија: Pixabay