X
 06.09.2016 Култура

Добредојдовте во 37-та паралела - најчудниот дел од Америка

Во 2011 година земјоделецот Милер се соочил со уште еден од низата ужасни инциденти. Затоа тој решил повторно да му се јави на Чак Зуковски.

 

1


„Мислам дека повторно се случува“, му рекол Милер на Чак.

„Веднаш доаѓам“, рекол Зуковски.

58 годишниот истражувач за брзо време пристигнал на фармата на Милер - Милер го упатил до кравата чии уши, јазик и гениталии биле исечени, слично на двата претходни инциденти.

Секој дел од телото бил сечен на клинички начин, оставајќи каутеризирани хируршки рани. Зуковски не се сомневал дека станува збор за дело на вонземјаните кои се вратиле на 37-та паралела.

Зуковски започнал да сфаќа дека осакатувањето на добитокот, НЛО и некои големи настани како и Областа 51 се меѓусебно поврзани - тој се осврнал на 37-от степен на географска ширина, каде е формирана границата меѓу Јута и Аризона, Колорадо и Ново Мексико и Канзас и Оклахома.

Тој истражувал повеќе од 1.000 паранормални инциденти во текот на 30 години, а 200 од нив слетале на 37-та паралела.

„Станува збор за паранормалниот автопат на Америка“, вели Зуковски.

Според него вонземјаните се склони кон места кои се наоѓаат во близина на подземни води и високо ниво на водород, кој тие го користат како енергија. Уште како дете бил фасциниран со вонземјаните, па во 1980-тите започнал сериозно да ги истражува.

„Никаде не одам без елекот, пиштолот, камерата, рачниот метален детектор и двогледот“, вели тој.

Кога со неговото семејство се преселил во Колорадо Спрингс во 1998 година, тој започнал со посериозно истражување на феноменот на осакатени животни.

 

2


„Сите изгледаа како некој да ги исекол со хируршки нож“, вели тој.

Зуковски, кој работи како дизајнер на микрочипови, ги усовршил неговите вештини за истражување додека работел во канцеларијата на локалниот шериф. Меѓутоа осум години подоцна тој бил избркан од тимот токму поради неговата наклонетост кон паранормалното.

„Сметаа дека ќе му наштетам на интегритетот на одделот“, вели тој.

Писателот Бен Мезрих се заинтересирал за потрагата на Зуковски, па отишол во Колорадо да се запознае со овој човек и да дознае нешто повеќе во врска со неговите истражувања како поткрепа на неговата претстојна книга „The 37th Parallel: The Secret Truth Behind America’s UFO Highway“.

„Ме зеде од аеродромот, ми даде елек и пиштол и ми рече: Ајде да бараме НЛО!“, изјави Мезрих после неговата прва средба со Зуковски.

 

3


Доколку сте скептични, прочитајте ги доказите.

1. Областа 51 - Округот Линколн, Невада

Овој објект на американските воздушни сили се наоѓа на околу 140 километри северно од Лас Вегас е обвиткан во мистерија уште од крајот на 40-тите. НЛО истражувачите веруваат дека во оваа област се чуваат остатоците од вонземјаните и вселенските летала, вклучувајќи го и вселенското летало и остатоците од вонземјани пронајдени во 1947 година во Росвел, Ново Мексико.

Зуковски за прв пат бил во Областа 51 во 1995 година кога ангажирал водич кој го однел до врвот Тикабу. Од таму тој можел да ја гледа Областа 51 на оддалеченост од 51 километар. За време на неговата посета, тој направил фотографија на која верува дека се наоѓа летечка чинија.

2. Подземната база Далси - Далси, Ново Мексико

Многумина веруваат дека постои подземна воена вонземјанска база под овој мал град. Уште од 1979 година, голем број на луѓе тврдат дека работеле во овој објект.

Еден објавен пакет на документи, познат како „Документите Далси“, наводно содржеле детали за базата.

Бројни локални жители изјавиле дека виделе неколку вонземјански летала. Зуковски го посетил Далси неколку пати во текот на изминатата деценија и разговарал со неколку луѓе за нивните искуства со вонземјаните.

„Без разлика на тоа со кој зборуваш - сите се согласуваат дека постои подземна база“, вели Зуковски.

3. Бучавата во Таос - Таос, Ново Мексико

Уште од почетокот на 90-тите години, жителите на градот Таос се соочуваат со мистериозна бучава. Зуковски е дел од луѓето кои веруваат дека бучавата доаѓа од подземна база за вонземјани. За жителите бучавата е прилично досадна, а кај некои предизвикува вртоглавица, несоница и главоболки.

Истражувачите утврдиле дека околу 2% од населението во Таос ја слушаат оваа бучава, меѓутоа не постојат докази дека таа навистина постои. Зуковски го посетил градот во 1996 година, меѓутоа ниту тој ниту неговото семејство не можеле да ја слушнат бучавата.

4. Осакатувања на добиток на фармата на Милер - Тринидад, Колорадо


Во август 2011 година, Зуковски бил повикан од Милер на неговиот ранч со цел да започне да го истражува осакатувањето на неговата крава.

На кравата ѝ недостигале вимето и брадавиците, јазикот и левото уво, и имала дупка со овална форма на нејзините предни нозе и заден дел. Меѓутоа, иако околу животното имало нечистотија, сепак немало никакви траги.

„Она што беше особено чудно кога се вратив неколку недели подоцна, беше тоа што долните ребра беа скршени. Единственото логичко објаснување беше дека животното беше фрлено на земја од голема височина“, вели тој. И шерифот на округот започнал да ја истражува смртта на животното, меѓутоа не можел да ја утврди причината.

5. Осакатувања на добиток на фармата на Санчез - Сан Луис, Колорадо

Зуковски го истражувал и осакатувањето на пет месечно теле чии нозе биле скршени и наведнати наназад, а телото искривено како спирала.

Ова било четврто теле кое било осакатено во период од три недели.

6. НЛО - Вичита, Канзас

Анонимен жител на Вичита тврдел дека видел НЛО кое зрачело со своја светлина во мај 2011 година.

„Видов светлина на небото. Единствениот начин на кој можам да ја опишам е дека светлината беше различна од ѕвездите“, изјавил сведокот.

Тој ја забележал чудната светлина околу 2 часот наутро, додека пушел цигара. Светлината се наоѓала на неколку километри од воздухопловната база Меконел.

„Ја проучував околу 10 минути и забележав дека полека осцилира и прави многу мали, но брзи движења“.

7. Пиемонт НЛО феномен - Пиемонт, Мисури

Од февруари 1973 година, стотици жители на Пиемонт пријавиле дека виделе летечки објект и мистериозна светлина на небото.

Локален средношколски кошаркарски тим бил сведок на светлина, придружена со објект кој лебдел во длабочината. Како што сведочењата се проширувале, така жителите започнале да се собираат во близина на депонија за заедно да ја набљудуваат светлината.

Зуковски ја посетил областа неколку пати и разговарал со локалните жители за нивните сведоштва.

8. НЛО несреќи - Кејп Џирардо Мисури

Баптистички свештеник бил повикан да изврши исповед за покојните лица на местото каде се случила авионска несреќа во далечната 1941 година. Меѓутоа, на местото на настанот, свештеникот воопшто не видел луѓе.

9. Мантел НЛО инцидентот - Овенсборо, Кентаки


Капетанот Томас Мантел бил пилот за Националната гарда на Кентаки во 1948 година кога добил наредба да следи необичен воздушен објект.

25 годишниот пилот започнал да го следи објектот со неговиот „P-51 Mustang“ борбен авион, меѓутоа се урнал и починал додека бил во потера по НЛО.

Луѓето претпоставуваат дека Мантел преку радио известил дека видел мали суштества во мистериозниот авион. Воздухопловните сили објавиле дека неговата смрт била поради недостаток на кислород.

10. НЛО сведоштва - Роаноке, Вирџинија

Во декември 2010 година, жител на Роаноке пријавил дека видел небесно тело во форма на диск кое се движело со многу голема брзина. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура