X
 18.04.2015 Култура

Прекрасна книжарница која ќе ве воведе во светот на имагинацијата

Купувањето и читањето книги за многу љубители на литературата е вистински ритуал кога одат во нивната омилена книжарница.

 

книжарница


Насекаде низ светот книжарниците се центар на културата - место кадешто може да се откриваат и истражуваат многу работи, додека во исто време можат да се запознаат истомисленици. Постојат толку многу прекрасни книжарници поради кои вреди да ја напуштите земјата и да ги посетите, читајќи книги и дополнувајќи ја вашата библиотека.

Ливрариа Лело е одлично место за бегство од секојдневниот живот; место кадешто можете да се релаксирате и да прочитате нова книга. Книгите се прозорец кон светот, па затоа добро би било да ја посетите оваа книжара и да „летнете“ во еден друг свет, каде се` е возможно.

Доколку се одлучите да ја посетите оваа книжарница која се наоѓа во португалскиот град Порто, ќе бидете навистина изненадени, без разлика дали сте љубител на книга или не. Таа е една од најстарите книжарници во Португалија, и е основана во 1869 година. Во 2011 година, книжарницата беше прогласена за една од најубавите и најдобрите, заземајќи го третото место во топ 100 книжарници во светот.

Фасадата на оваа зграда е одличен пример за нео-готски дизајн. Со само еден чекор во оваа прекрасна градба ќе бидете сведок на прекрасен дизајн, декорација и илјадници книги. Од подот па нагоре, книжарницата е насликана во богата текстура. Столбовите се украсени со бронзен релјеф и фигури од португалската литература. 

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура