X
 06.02.2015 Образование

Откријте ја магијата на m-learning

Во сегашните трендови во професионалниот сектор, кога се врши транзиција од e-learning во m-learning (учење преку мобилен телефон , м-учење), се очекува: безбедност, компатибилност и тренинг,заедно со најдобрата практика во мобилното учење. Денес М-learning станува сé популарно и примамливо, кое ветува повеќе.


Деловно опкружување

Ако го земеме во предвид фактот дека во светот постојат околу 500 милиони смартфони, 34 милиони тáблети и преку 1 милијарда симнувања за најразлични апликации во 2011 година – според статистиките од глобалниот пазар за мобилните комуникации (Cisco Global Mobile Data Traffic Forecast), во 2012 година бројот на уреди би го надминал бројот на луѓето на планетава. Употребата на интернет преку мобилен телефон е доста распространета, почетоците се гледаат преку употребата на Notebooks, PDAs и Blackberry, а ја достигнаа кулминацијата со таблетите и смартфоните. Производителите на уредите се натпреваруваат кој ќе создаде помоќен и визуелно помодерен уред за потребите не потрошувачите. Генерално земено, смартфоните и таблетите се практични, погодни за зголемување на продуктивноста во работењето и претставуваат симбол за стил во животот на корисниците.

Реалност на уредите

Вработените во компаниите функционираат ефикасно, употребувајќи мобилни уреди во секојдневното работење. Во многу случаи ги употребуваат своите приватни уреди за бизнис цели, но постојат и случаи кога компанијата обезбедува мобилни уреди за вработените. Овој феномен е познат како “Bring your own device“ (BYOD) или “consumerization“ и е разрешен од многу компании бидејќи менаџерите често превидуваат дека BYOD е веќе во употреба во секојдневниот живот. Според анкета направена на 4100 испитаници од 16 земји, 23% од вработените користат свој сопствен уред на работа.

Предностите на овој тренд се очигледни. Како што границите помеѓу професионалниот и личниот живот стануваат споени, разумно е вработените да ги користат уредите и во двата случаи, а со тоа ќе имаат постојан пристап до информации, како за својот приватен живот така и за работата, и ќе можат поефикасно да си го планираат времето и попродуктивно да ја извршуваат работата бидејќи ќе работат на помоќен уред и ќе имаат поголема сатисфакција која ќе се пренесе и на потрошувачите.

Според Accenture преку 36% од испитаниците не обрнуваат внимание на безбедносните ИТ регулации на работодавачот, а дури 15% ги мешаат приватните информации со информациите од компанијата.

Bring your own device трендот е многу одамна и многу од компаниите заостануваат во овој тренд. Од гледна точка на компаниите многу промени треба да се направат кога станува збор за мобилните уреди, почнувајќи од важни информации за компанијата, па се до софтвер и апликации за работа.

Пазарот на обука се ориентира кон мобилните апарати

Многу компании имаат проблем со сензитивниот начин на користење на мобилните курсеви. На релевантните саеми за E-learning на почетокот на 2012 година – LEARNTEC во Карлсруе, Learning Technologies во Лондон, the Swiss e-learning конференција во Цирих и Тhe Australian e-learning congress во Сиднеј мобилното учење беше тема број еден. Bersin & Associates го смета е-учењето за еволутивен чекор во продолжување на полето за едукација, кое ги користи средствата на мобилниот интернет за подобрено формално, неформално и социјално учење.

Терминот мобилно учење или m-learning не е нов, тој всушност значи дека оние корисници кои го користат е-learning не се дефинираат локациски. Претходно мобилното учење било лимитирано на лаптопите, но денес главна улога имаат смартфоните и таблетите, како и мобилните забавни гејмерски конзоли. Силните страни на m-learning лежат примарно во употребата на е-learning програми, кои не се зависни од времето и од местото, и кои се екстремно ефикасни за употреба на времето кое ни е достапно. На пример, периодот на времето кое вработените го поминуваат чекајќи на аеродромите може да биде употребено за учење, па така визијата позади ова е да учиме кога сакаме каде сакаме и што сакаме.

Програми на дигитални изумители

Таргет група на учењето на мобилен телефон се вработените кои патуваат често, кои се млади и технички ориентирани, ,,пораснати” со современата технологија. Кај овие корисници е-учењето се смета за ,,дадено” и тие секојпат кога ќе им биде потребна информација, ќе посегнат кон него. Употребата на модерен хардвер, како што се конзолите за видео игри, смартфоните, таблетите е интегрален дел од секојдневниот живот на овие ,,технолошки домородци”. Богатата содржина им станува достапна инстантно во облик на мултимедиа и многу брзо им станува јасна. Оваа таргет група претставува растечка популација во компаниите, затоа комерцијалното учење се адаптира кон помладите генерации и ги охрабрува да ги користат мобилните уреди и нивниот потенцијал за учење.

Како можат компаниите да го направат m-learning дел од нивната програма за обука?

Технички карактеристики

Развојот на содржините на m-learning се разликува од класичното е-learning . За снабдувачите ова содржина, тоа значи дека мораат да се борат со генералните технолошки побарувања во мобилната средина, и мораат да ги интегрираат новите услови во постоечките концепти.

Снабдувачите мора да бидат свесни дека пазарот на мобилните комуникации има високо ниво на иновација, и е многу хетероген. Во последниве години, заедно со напредокот на мобилната технологија, развојот доведе до зголемен број на снабдувачи кои сакаат да ја промовираат сопствената технологија на пазарот. Главните снабдувачи, како што се Google (60% од глобалниот пазар) со неговиот Open Source модел на Андроид, забележа силен раст на m-learning во 2011 година, Apple (17,3% од глобалниот пазар) се потпира на животниот стил и пријателската настроеност кон потрошувачот и Микрософт (1,7% од глобалниот пазар) имаат светла иднина во пазарот на мобилни комуникации. Истражување во движење (12.7% од глобалниот пазар) останува да биде претставен во пазарната средина. Овие и многу други снабдувачи користат свои оперативни системи и сопствени платформи за дистрибуција на додатни апликации за мобилни уреди, со што компатибилноста со другите платформи не е секогаш загарантирана.

Индивидуалните уреди подржуваат или претпочитаат различни развојни технологии. На пример, оперативниот систем IOS на Apple не го подржува Adobe Flash, кој што се смета за стандард кога станува збор за развојот на веб технологијата. Третата компонента е пребарувачот, кој што исто така има различни технолошки карактеристики Генерално, компанијата треба да достави содржина од еден извор преку платформата на снабдувачот. Затоа компаниите треба да ги намалат трошоците и да го задржат суверенитетот на содржината, со тоа што ќе го поедностава процесот на дистрибуција на содржина со развој на технологијата.

Концепт на ,,сèприсатност” во компанијата

Концептот на мобилни уреди главно треба да се ориентира на оперативни системи, технологија провизија и сигурност. Дали мобилните уреди ги ограничуваат снабдувачите, со употребата на оперативен систем одбран од компанијата или пак вработените можат сами да одберат каков уред ќе го користат?

За да се избегнат повеќе начини на развој на една иста содржина, препорачливо е да се користат развојни технолошки програми кои се моментално подржани од оперативните системи на пазарот. Пример за ова е HTML5, нов стандард за приказ на веб страни и веб апликации. Него го подржуваат речиси сите интернет пребарувачи како што се Firefox, Opera, Chrome, Safari и Internet Explorer и можат да презентираат аудио, видео и анимација без употребата на plug-ins како што е на пример Flash. Содржината на HTML5 може да биде употребена виртуелно на сите мобилни уреди и Desktop PCs.

Друг стандард кој може да биде употребен на различни уреди и кој се користи воглавно за објавување на Е-книги е EPUB3 форматот. Провизијата на содржината е значајно упростена, со употребата на технологии како што се HTML5, CSS3 and EPUB3, бидејќи со ова не е задолжително да се користат платформите на снабдувачите. Содржината на HTML5 може да биде создадена во систем за содржина на компанијата, па се избегнуваат мачни административни процеси. Предноста е во тоа што компанијата е сигурна дека содржината нема да излезе надвор од организацијата. Смартфоните се исто така подложни на напади од хакери, како и персоналните комјутери. Затоа компаниите треба да ги разгледуваат мерките за безбедност со посебен осврт на мобилните уреди. Технолошката заштита на уредите, користењето на безбедносни лозинки и ширењето на свесноста кај вработените за заштита, треба да бидат секогаш земени во предвид.

Содржината може да биде презентирана во различни формати, а со тоа може да биде и различно манифестирана. Кои се предности и недостатоци на индивидуалните формати и кои се опциите кога станува збор за технолошкиот развој? Native apps се сервисни програми дизајнирани за специфичен оперативен систем, програмирани со развојните програми, поддржани и инсталирани локално, на самите уреди. Предност кај овие апликации е тоа што тие во целост можат да ги искористат опциите на мобилните уреди. На пример, можат да се поврзат со харвер како што се звучници, камери, GPS сензори. Тие можат да бидат достапни офлајн и можат да ги зачуваат потребните податоци и да ја прочитаат и посочат моменталната локација на корисникот. Други предности се графичките апликации, кои не мораат да бидат отворени во пребарувачот, туку да бидат достапни директно на екранот. Со користење на развојните технологии, кои оперативниот систем ги преферира, апликациите често имаат повеќе опции за графички дизајн. Недостаток на native apps е во тоа што се ограничени на еден оперативен систем, а развојната технологија се детерминира според него.

Возможно е да се користат апликации на различни оперативни системи со тоа што секоја апликација ќе биде програмирана според оперативниот систем за кој што е потребна (ова ќе ги зголеми значајно трошоците во фирмата). За да се направат апликациите достапни, потребно е да бидат превземени од еден извор кој може да предизвика долги одложувања поради административниот процес на снабдувачот пред да се случи провизијата. Системот на ,,продавница” може да биде употребен и како предност доколку сакате да ја понудите содржината бесплатно. Продавниците на снабдувачите содржат ,,централно ракување со плаќањата” и таргет групата за корисниците на апликациите кои се лоцирани на овие платфорни се достигнати без проблеми.

Веб страни на мобилен телефон

Целта на мобилните вебсајтови, како и веб апликациите, е да се направи мобилната содржина достапна на сите уреди. Тие се базираат на стандардни технологии како што се HTML5, CSS3 and JavaScript, така што инсталација на самите уреди е непотребна. Мобилните уреди се достапни преку URL впишан во интернет пребарувачот, а програмирањето на една апликација е доволно за сите уреди кои ja користат. Друга голема предност е што веб страницата може да се адаптира кон смартелефоните, таблетите итн., екранот е намален и содржината на него е прикажана на модифициран начин. Содржината на веб страната е прилагодена да се намали, и да се избегнат проблеми при прикажувањето. Мобилните веб страници не се достапни преку пазарот на апликации, тие се администрирани од самата компанија, што значи дека процесот на лиценцирање во самата продавница не е повеќе применлива и новостите може да бидат побрзо имплементирани. Слабоста на мобилните апликации е тоа што за разлика од native apps, тие немаат пристап до посебни хардвер функции на индивидуални уреди и графичкиот дизајн нуди помал простор за разлика од апликациите направени специјално за уредот.

Интерактивни е-книги

Електронските книги беа проект од 1988 година, со цел да ги направи електронските книги достапни онлајн. Во тоа време е-книгите главно биле имплементирани со помошта на Floppy дисковите, но потоа се развиле во облик на независен формат кој има огромен потенцијал за раст. Е-книгите се електронски копии од печатените книги кои се достапни со користење so специјални ,,читачи на електронски книги” (E-book readers), персонални компјутери, таблети и смартфони преку онлајн продавниците и издавачките куќи или снабдувачите на уреди. PriceWaterhouse Coopers предвидува дека до 2015 година, ќе има значајно зголемување на пазарниот удел во областа на белетристиката. Додека Apple објавува дека има намера да биде повеќе инволвиран во пазарот на едукација, со тоа што ќе отвори свој е-book store, ова би требало да му даде поттик на форматот.

Во текот на годините голем број на технологии се употребувани за дигитализација на книгите, со тоа што три доминираат на пазарот (IMobipocket, PDF и EPUB се најзначајни). Тие можат да бидат употребени низ различни формати, и можат автоматски да се прилагодат на карактеристиките на мобилните уреди, како на пример големината на екранот. Со зголемената продажба на мобилните уреди дисеминацијата на е-книгите ќе се зголеми заедно со зголемувањето на функционалноста на апликациите и мобилните сајтови. Интерактивните книги вклучуваат едноставен пренос на оргинален печатен текст во онлајн форма со интеграција на веб линкови, видеа, квизови и др. Карактеристичните ,,wipe and zoom” (повлечи и зумирај) движења се исто така компоненти на интерактивни е-книги. Книги, брошури и други публикации можат на тој начин да бидат значајно заменети и унапредени со континуирано информирање, интеракции и графичко нагласување.

Содржина

Од техничкиот аспект, м-учењето се разликува од класичните можности за обука. Што треба да биде земено во предвид кога ја подготвуваме содржината за м-учење? Какви ни се опциите и каде може да не однесе патувањето? За почеток, корисниците на м-учењето кои ги користат своите уреди за бизнис им е потребно да добијат информации за ова исто така. Во оваа ситуација. изгледа разумно да се направат на постоечките програми за учење како што се Power Point презентации, PDF документи и веб базирани тренинзи, достапни на смартфони и на таблети.

Но, ова не е ни ни блиску до мобилното учење, бидејки мобилните уреди се практични брзи и изгледаат добро. М-learning e едноставен трансфер на класичниот начин на учење преку компјутерите, наменет за настани кои се реализираат лице-в-лице. Содржината за мобилно учење треба да биде едноставна, брзо достапна и атрактивна. Ова започнува со време потребно да се отвори страната, продолжува со адаптација на екраните и води до вклучување на карактеристичните функции од мобилните уреди. Модерниот допир кој го имаат ајподот (iPod) и таблетот е дефиниран со атрактивната содржина, комбинирана со трансферот на знаење, модерни и практични елементи (допир, лизгање и движење), заедно со камери, читачи на кодови и ГПС функции.

Микро-учење за успех во учењето

Мобилното учење се карактеризира со кратки фази на учење. Од една страна ова е добро бидејќи е достапно за време на патувања, кај компании кои имаат мали буџети, па затоа и репродукцијата за материјалот за учење е креирана согласно оваа потреба. Од друга страна, целта на корисникот е да добие одговор на прашањето кое во моментот го поставува и пребарува.

Микро содржината за учење е идеална за мобилна употреба и го опишува мобилниот феномен. Тука корисниците само ја повикуваат и ја повторуваат содржината кога се појавува по одредено прашање. На овој начин, можеме да работиме независно на конкретни решенија со лесна употреба на материјалот.

Микро аспектот не наведува на неколку димензии:

1. Содржината за учење може да биде ограничена во поглед на времето (кратки фази на учење) и содржина (ограничени теми и едноставни модули за учење или тест прашања).

2. Директен фидбек за успешноста, што придонесува за зголемување на мотивацијата за учење и ги крши бариерите за учење.

3. Широкопознато е дека е-learning средината може да има голем број на форми во зависност од тоа какви се навиките на корисникот.

Примери на микро-содржина се: белешки или видео секвенци, тест прашања, слики, screenshots, web based training итн. Апликации, квизови, едукациони игри исто така спаѓаат во доменот на микро учењето. Целта на мобилното учење е да понуди кратки атрактивни секвенци на учење, кои ќе им овозможат на корисниците краток опис на темата, но ќе ги остави заинтересирани за повеќе, со понатамошната употреба на хардверот.

Забава наспроти поддршка за вработените

Забавата на вработените не би требало да биде единственото нешто кое што ги привлекува да користат мобилно учење. Многу поважно е да се додаде вредност на корисникот. Предизвикот е да се создаде вистинска подршка за вработените, не само да им се достави знаење, туку и да се овозможи непречено работење. Ова значи, доставувањето на информации и одговори на прашања на клик, на копче, секојпат кога ќе настане проблем. Со зголемување на подршката на вработените работниот процес станува поефикасен.

Комбинирано учење

Долколку се селектирани потребните услови, технологии и формати, прашањето за содржината треба да биде соодветно подготвено. Потребна е креативност и професионалнат експертиза, за зголемување на продуктивноста на програмите за услуга или забавните игри. Содржината е лесно достапна и активно подготвувана, па му го нуди на корисникот она што тој го бара. Менаџмент апликации За да работат ефикасно во движење, неопходен е пристапот до информациите од ИТ одделот на компанијата. Овој проблем може да се реши со едноставно користење на лаптоп, но поелегантно решение е поврзување на вработените преку нивните мобилни уреди. Пристап на апликациите на компанијата до ERP и CRM системи, или учење на менаџмент системите во зоната на развој, е вообичајно изводливо преку мобилните апликации, кои разменуваат податоци со софверот на компанијата која ги прави информациите достапни на клик или на копче.

Реалност

Зголемената реалност создава синергија од нереалноста и реалноста. Вистинските објекти се опкружени со додатна збогатена информација и се симулирано или визуелно прикажани. Зголемената реалност може да биде прикажана во бројни области. Ова е посебно корисно во полето на учењето или трансферот на знаења, бидејќи корисниците ги користат своите мобилни уреди за да ја истражат својата околина и да дојдат до содржината на најдобар можен начин. Програмерите ги користат карактеристиките на хардверот во мобилните уреди, како што се камери или специјален софтвер, за да го олеснат процесот на учење.

Најнови податоци

Интеграцијата на програмите за е-учење во рамките на мешаното учење и континуираната подршка на корисникот со микро-учење, е најдобра кога редовно корисниците се снабдувани со лекции кои се надоградуваат една со друга. Давајќи му на корисникот можност да напредува и долгорочно да биде инволвиран со материјалот, тој придонесува за персонализација на содржината.

Игри, забава и возбуда

Кога станува збор за игрите во учењето, тие најчесто претстават содржина која е ,,сува” но е претставена на возбудлив начин, со цел да го мотивираат корисникот. Таблетите се совршени за употребата на игри за учење, во комбинација на интересни движења „wiping“ (влечење), „shaking“ (тресење) и „zooming“ (зумирање) и остроумен графички дизајн. Овие трансферот на знаења се придружени со возбудлива авантура или интересна функција на играта.

Информирање и мотивирање

Ако фокусот е на безбедноста на информациите, употребата на ,,игриви“ елементи е повремено присатна. Истакнувачки графички елементи и корисни функции за зголемување на корисноста, обезбедуваат содржината да биде интересна и сериозна.

Иднината на м-учењето

Пазарот за м-учењето нуди голем број на опции за достапноста на содржина, како значаен додаток на класичните едукативни програми. Моменталната ситуација е далеку од крајот на приказната. Компонентите кои ја покажаа својата вредност во форма на е-учење се далеку од својата мобилна форма. Неколку иницијативи на м-учењето се концентрираат на понатамошно промовирање на м-технологиите во полето на е-учењето со цел да придонесат за интегрирана средина на м-учење. Како дополнување на мобилната содржина, достапна преку е-учењето и полето на менаџмент апликациите, синхронизирано со ЛМС база на клауд, независната креација на м-содржината за учење. Ова резултира со интегрирано решение, кога станува збор за м-учењето, како логична компонента на иновативниот концепт на учење.

CLIX Mobile за iPhone и Android е менаџмент систем на мобилно учење, кој ги поврзува вработените со инфраструктурата на нивните компании. Преку нивните смартфони, корисниците имаат пристап до КЛИКС системот на менаџмент учење (CLIX learning management system) и пристап до персонализирана содржина за учење, курсеви каталози и вести за компанијата. Постои автоматска синхронизација за менаџерскиот системот на учење, така што содржината е секогаш најнова.

Online Cultus


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование