X
 20.12.2018 Живот

Кои се ефектите од работењето и учењето цела ноќ?

Сигурно сите се имате најдено во иста ситуација: вашиот шеф ви дал важен проект кој мора да го завршите за кратко време или, пак, пред вас е огромен колоквиум кој морате да го положите. Вие ги откажувате сите ваши планови бидејќи цела ноќ мора да се подготвувате и ментално и физички.

1. Ви создава стрес - вашето тело го зголемува нивото на кортизол, исто така познат како „хормон на стресот“ кога немате доволно сон.

2. Ве прави погладни и подебели - постојат два спротивставени хормони во вашето тело кои го регулираат апетитот -лептинот и грелинот. Кај лицата што немаат сон телото произведува помалку лептин и повеќе грелин, кој создава глад.

Научниците од Универзитетот „Стенфорд“ и од Универзитетот на Висконсин забележале дека поради повеќе ноќи без сон, се зголемува индексот на телесна маса кај луѓето.

3. Ја уништува вашата способност да се сконцентрирате -
според истражувањето од Националната библиотека на медицината и Националниот институт за здравје, недостигот на сонот влијае врз фронталниот лобус на мозокот, забавувајќи ги нивните комуникации.

Во однос на концентрацијата, тоа значи дека сте го загрозиле вашето просторно, аудитивно и визуелно внимание.

4. Ја повредува вашата работна меморија
- работната меморија може да биде поделена на два супсистеми: фонолошка јама, визуелно спацијален блок за скицирање, епизодна меѓумеморија и централно извршување. Фонолошката јама е за привремено зачувување на вербални и акустични информации, блокот за скицирање е за визуелно спацијалните информации, а  епизодната меѓумеморија е за интегрирање информации од неколку различни извори.

Сите се поврзани со тоа колку добро работи вашиот фронтален лобус.

5. Не можете да извршувате мултитаскинг
- научниците ги тестирале кандидатите за брзината и точноста по целоноќна работа. Тие откриле дека поради неможноста да се сконцентрираат, кандидатите морале или да бидат брзи или да бидат точни - не можеле да бидат и двете.

Потешко е да се запомни лице - недостигот на сон влијае врз дел од мозокот наречен таламус, кој заедно со медијалниот темпорален лобус ја регулира вашата способност да ги препознавате луѓето.

6. Уште потешко е да запомните што кажуваат луѓето - препознавањето на лицето се потпира на таламусот, но вербалната меморија се потпира на префронталниот кортекс врз кој недостигот на сонот влијае навистина многу.

7. Ве прави „емоционално ирационални“ - според истражување од „Беркли“, недостигот на сонот ги зголемува деловите од вашиот мозок што се поврзани со депресија и предизвикува двојно да реагирате на негативни искуства.

8. Недостигот на сонот може да предизвика дијабетес - Американската асоцијација за дијабетес вели дека недостигот на сон може да ја зголеми гликозата во крвта преку намалување на производството на инсулин.

9. Полесно се разболувате и потешко ви е да заздравите
- истражувањата покажуваат дека недостигот на сон го намалува имунитетот кај човекот, а дури и може телото да не реагира на вакцини. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот