X
 07.02.2016 Технологија

Што значи грешката "Error 53" доколку се појави на телефонот?

Доколку грешката „Error 53“ постојано се појавува на вашиот ајфон, време е да се подготвите. Имено, за ајфоните 6 и 6 Плус, тоа значи неизбежна „смрт“.


Од компанијата „Apple“ тврдат дека грешката се јавува за да се заштити сопственикот, но илјадници корисници тврдат дека нивниот телефон станал бескорисен и дека сите податоци внатре биле изгубени без можност за спасување. Од компанијата наведуваат дека проблeмот се јавува за време на одредени промени.

Имено, како што велат, неовластеното менување на копчето за „Home“ и екранот предизвикуваат блокирање на уредот за да не може да се стигне до доверливите информации за корисникот. Секоја промена на сензорот треба дополнително да се верифицира, а доколку оперативниот систем забележи дека тоа не е сторено, го блокира телефонот, односно спречува негово понатамошно користење.

„Доколку корисникот се сретне со грешката Error 53, нашиот совет е да ја контактира службата за корисници на Apple“, едноставно советуваат од компанијата.

Меѓутоа, како што пишува „Wall street journal“, некои корисници се обратиле до компанијата поради грешката и од компанијата им било кажано дека поправката од неавторизирани сервиси може да биде фатално за телефонот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија