Се' почесто ја користиме технологијата за забележување и пишување, наместо тоа да го сториме на хартија. Дали губиме со тоа што го дозволуваме ова?
Многу докази покажуваат ддека рачното пишување ја стимулира работата на мозокот и влијае подобро на него отколку типкањето. На пример, во споредба со типкањето, пишувањето на хартија предизвикува зголемена активност во регионот на мозокот кој е вклучен во учењето на јазици.
Потоа, пишувањето го стимулира и мрежестиот систем за активација кој делува како филтер за се' што процесира нашиот мозок и им дава предност на важните податоци.
Репетитивните процеси, како што е пишувањето, ги зајакнува врските помеѓу невроните во мозокот, со што го олеснува патувањето на импулсите во мозокот. Ова го олеснува и помнењето и сеќавањето.
Истражувања покажуваат и дека учениците побрзо пишуваат есеи рачно отколку на компјутер. Освен тоа, учениците кои пишувале рачно имале покомплицирани идеи во своето пишување. Било откриено и дека луѓето полесно се сеќаваат на зборови кои ги запишале на хартија, како и дека студентите кои фаќаат белешки на хартија подобро го разбираат материјалот.
Пишувањето графички различни јазици, како кинески, математика или музика, може да ја подобри способноста за препознавање форми и претставува добра когнитивна вежба.
Па, што чекате? Земете лист хартија и пишувајте.