Живееме во одлично време кога се работи за напредокот во областа на технологијата и речиси неограничениот пристап до информации, но светот нема да престане да биде опасно место преку ноќ. Ширум светот се наоѓаат многу луѓе кои живеат со помош на своите измами. Овие паметни крадци се подготвени да ја искористат невиноста на луѓето и нивната доверба за да добијат нешто од нив. Внимавајте на следниве кои се сметаат за најчести и се најпопуларни, но луѓето се' уште се лажат со нив.
Измами на врата
Овде се наоѓаат сите измами кадешто измамниците дејствуваат онаму кадешто сте најопуштени и најранливи - во својот дом. Тие честопати ги користат постарите жители за да ги измамат да купат неквалитетни производи за високи цени.
Интернет љубов
Многу луѓе сакаат да се венчаат за зелена карта, но за тоа најчесто плаќаат. Интернет-измамите поврзани со врските се поинакви. Во овие случаи, се' изгледа одлично, но од некоја причина никогаш не ја сретнувате личноста во живо. Тие одеднаш имаат проблеми за чие решавање им се потребни пари. Некои жени од неразвиените земји понекогаш започнуваат онлајн-врски за да дојдат во некоја од разиените земји. Откако ги добијат парите, тие едноставно исчезнуваат.
Интернет измами за брзо збогатување
Најчесто, овие измами се вршат преку електронска пошта. Добро ги знаете оние светкави и неписмени пораки за брзо збогатување, не? За жал, луѓето може да бидат креативни со своите „понуди“ за збогатување и жтрвите честопати наседнуваат на истите. Бидете внимателни со секоја понуда која изгледа премногу добро за да е вистинита.
Хуманитарни цели
За жал, постојат многу измамници кои ги наведуваат луѓето да „донираат“ за хуманитарни цели, а всушност парите ги користат за свои цели. Ваквите измами се присутни во секакви форми, од луѓе кои бараат средства за операција на улица до доаѓање во вашиот дом и барање пари.
Крадци на аеродром
Луѓето кои патуваат често треба да бидат внимателни и постојано да го гледаат багажот бидејќи на аеродромите има многу крадци кои брзо ги грабнуваат торбите и трчаат во метежот. Освен тоа, на аеродромите постои опасност од хакирање на телефонот доколку се вклучите на јавна интернет-мрежа или користите „Блутуд“.
Таксист кој ве советува да смените план
Таксистите пред аеродромите или станиците ќе ви кажат дека таксиметарот им е скршен и ќе ви наплатат многу повеќе. Тие може да ви кажат и дека вашиот хотел е полн поради настан или дека се реновира и ќе ве однесат во некоја преценета дупка.