X
 15.08.2019 Технологија

Грција и Унгарија меѓу земјите со најмалку измами во интернет-продажбата

Околу 30 отсто од испитаниците имаат доверба во 3 отсто од интернет-страниците, посочува глобалната анализа на 22,5 милиони интернет-страници на дигитални продавници. Натаму, се вели и дека 13 отсто од страниците уживаат доверба од 70 отсто или помалку.

Како што објави страницата Скамадвајзер.ком, оттаму проверката ја извршиле со свој алгоритам врз основа на 40 независни извори на податоци.

Меѓу помалите земји – Еритреја, Тувалу, Бенин, Свази, и Кина спаѓа во оваа група држави со најголем број недоверливи интернет-страници. Тоа значи дека само 12 отсто од нив имаат задоволителна доверба кај потрошувачите. По неа следуваат САД со 9 отсто.

Инаку, целта на Скамадвајзер.ком е да ги предупреди потрошувачите не само на измами околу купувањето на интернет, туку и на т.н. „фишинг-страници“, спам и лажни производи. Над 2,5 милиона купувачи месечно го користат Скамадвајзер за да ја проверат исправноста на некоја интернет-продавница – ИП-адресата, врските за контакт, оценките на корисниците и сè друго.

Меѓу поголемите земји, во Грција, Унгарија, Аргентина и Данска има најмал број интернет-измами. Во ваквите земји се врши темелна проверка на интернет-страниците за продажба со ознаката на националниот домен на себе.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија