Компанија за паметни телефони со својот најнов производ треба да ја „затресе“ телефонската индустрија - производот одговара на сите потреби на произведувачите.
Кинеската компанија за паметни телефони
„Oppo“ го откри најбрзиот полнач за телефони во светот на Светскиот мобилен конгрес во Барселона.
„Super VOOC Flash Charge“ може да ја наполни батеријата на паметниот телефон од 0 до 100% за само 15 минути. Ако ова звучи премногу добро за да биде вистинито, веројатно е точно.
Додека „Oppo“ ветува за ефикасноста на производот, полначот ќе биде компатибилен само за уредите кои ги произведува компанијата.
Дополнително на ова постојат прашања за тоа дали функцијата на брзо полнење ќе го скрати животниот век на паметниот телефон. Останува времето да покаже.
Минатата година „Oppo“ продаде повеќе од 50 милиони паметни телефони на глобално ниво.