X
 01.08.2017 Технологија

Најлошите апликации кои можете да ги симнете од „Гугл Плеј“

Програмер со многу слободно време одлучил да создаде детална листа на најлошите апликации кои можете да ги симнете од „Гугл Плеј“.


Неговата цел е на јавноста да и ги претстави апликациите кои се направени за да извлекуваат информации од корисниците или едноставно да ги затрпаат со реклами и потсетници.

Планот бил да се создаде листа на која се наоѓаат апликации кои ја кршат довербата и приватноста на своите корисници. Колекцијата содржи многу познати апликации, а кај секоја има краток опис кој ги објаснува правилата што се прекршени. Програмерот исто така дава предлози за други апликации кои имаат иста намена како споменатите, но не ја злоупотребуваат довербата на корисниците.

На веб страницата се наоѓа и формулар со кој можете да се пријавите и вие самите да дадете придонес во збогатувањето на оваа црна листа на апликации. Целосната листа можете да ја погледнете овде.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија