X
 09.10.2016 Култура

Местото каде што невработеноста не постои

Бројот на лица кои саакат да се вселат во ова место е толку голема што е направена листа на чекање, а се чека и по две години. Мариналеда е градче во Андалузија на југот на Шпанија, кој е на површина од 25 километри квадратни, а брои околу 2700 жители.

 

 

 

Жителите не се плашат да ја изразат својата политичка определеност. Наместо блескави реклами и брендови, на ова место има улична уметност во облик на графити со пораки за подршка и солидарност за земјите како Куба и Венцуела. Улиците носат имиња на славните борци за работничките права како што се Федерико Гарсија Лорка и Пабло Неруда.

 

Додека остатокот од Шпанија се бори со домашната олигархија и странските валути кои ја превзедоа земјата, одлуките во овој град се носат директно по демократски пат на неделни состаноци кои обично ги посетуваат од 300 до 400 луѓе.

Додека невработеноста во Шпанија е 27 проценти, во Мариналеда речиси сите се вработени. 

 

До сега на ова место се изградени 350 куќи, а во нарендите две години би требало да се изградат уште 250. Просечната плата изнесува 1200 евра месечено. Тоа можеби не звучи како многу, но кога ќе се земе предвид фактот дека таму киријата е 15 евра, тогаш јасно е дека со таа плата може пристојно да се живее.

 
Интернетот во градот е бесплатен, а има и многу спортски терени на кои жителите можат да се релаксираат, кои исто така се бесплатни и постојано достапни за користење.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура