X
 08.08.2017 Наука

Митот за „местото каде што се среќаваат два океана“ во Алјаскиот Залив

Фотографија од Алјаскиот Залив што кружи по интернет во изминативе неколку години, особено изминативе неколку дена, покажува чуден природен феномен што се јавува кога тешката вода од глацијалните долини и реки се влева во отворен океан. Таму, во заливот, двата вида вода се среќаваат една со друга - светла, речиси електрично сина се спојува со потемна сина боја.

Неформално наречено „местото каде што се среќаваат два океана“, објаснувањето за фотографијата е едноставно, иако постојат многу заблуди поврзани со неа, особено на популарната веб-страница „Редит“ каде што корисниците во повеќе наврати дале погрешна информација за локацијата на фотографијата, пишувајќи дека станува збор за место каде што „се среќаваат Балтикот и Северното Море“, а двата вида вода не можат да се измешаат.

Сигурно сте виделе и варијација од фотографијата со ист феномен, направена од фотографот Кен Смит за време на крстосување во јули 2010 година, во Алјаскиот Залив. Оваа фотографија веќе некое време кружи низ интернетот.

Сепак, оригиналната фотографија е од крстосување на океанографите во 2007 година, кои ја проучувале улогата на железото во заливот и како тоа достигнува одредени области во северниот дел на Пацификот.

Кен Бруланд, професор по наука за океани на Универзитетот во Калифорнија, бил дел од крстосувањето. Всушност, тој ја направил фотографијата. Тој вели дека целта на крстосувањето била да се испита како струите што бавно се движат се извиткуваат од брегот на Алјаска во Алјаскиот Залив.

„Глечерските езера налето се како зрели екзотери кои ги уништуваат планините. Во процесот, тие го креваат целиот материјал, наречен глацијално брашно“, вели тој.

Што се однесува до фотографијата, Бруленд вели дека го прикажува обликот на вода што излегува од една од реките богати со седимент, а оваа вода се среќава со другата океанска вода. Бруленд додава дека е лага дека овие два вида вода воопшто не се мешаат.

„Тие на крајот се мешаат една со друга. Ние сме сведоци на навистина силни градиенти во овие специфични моменти“, вели тој. Таквите граници никогаш не се статични, се движат наоколу и целосно исчезнуваат, во зависност од нивото на седиментот и каприците на водата.

Затоа, следниот пат кога некој ќе сподели фотографија од местото „каде што се среќаваат два океана“, слободно посочете му дека постои наука зад овој феномен.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука