X
 28.02.2015 Уметност

Фотоманипулацијата пред "Фотошоп"


Речиси веднаш откако била усовршена употребата на фотографијата за јавноста, уметниците и останатите започнале да манипулираат со сликите. На почетокот, фотографите користеле двојна експозиција за хумористични цели.

Фотоманипулацијата наскоро била употребувана за многу причини. Фотографите правеле комбинации од две фотографии за да создадат една која ќе биде подобра од поединечните. Биле создавани и „фотографии со духови“ за да го претстават моделот во бледа форма и оригинално во една иста фотографија. Компаниите започнале да користат фотоманипулација за да создадат подобри реклами за своите производи. Уметниците создавале наративни слики со спојување повеќе слики во една.

Фотоманипулацијата се користела и од страна на политичарите. Некои диктатори, како Сталин, бришеле политички противници од историски записи или „создавале“ состаноци кои никогаш не се случиле.

Денес, сето ова е лесно да се изведе со „Фотошоп“, но пред 1985 година не било толку едноставно. Фотографиите биле поправани рачно користејќи боја или мастило, спојувани во темна соба од повеќе фотографии. Ова барало посебни вештини и услови.

Бидете балгодарни за постоењето на „Фотошоп“.

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност