X
 14.07.2016 Култура

Како Кина ја пишува одново книгата за потеклото на човекот

Фосили најдени во Кина предизвикуваат идеи за еволуцијата на модерниот човек и нашите најблиски предци. Во околината на Пекинг, во мала варовна планина во 1929 бил пронајден скоро целосен череп кој бил стар околу половина милион години.


Тоа бил еден од најраните човечки остатови кои биле откриени, и им помогнало на истражувачите да ги убеди дека човештвото прво било развиено во Азија. Од тогаш, неговата важност избледнала, бидејќи биле пронајдени уште постари фосили во Африка. Овие откритија го зацементираа статусот на Африка како колевката на човештвото, место од каде модерниот човек и неговите предци се прошириле низ Земјината топка.

Но приказната за Пекингшкиот човек ги има заинтригирано генерации на кинески истражувачи кои велат дека е приказна без крај. Поради тоа Кина во последната деценија има посветено многу труд за да открие докази за раниот човек. Дури и Владата вложува во лаборатории од 1 милион долари за извлекување и откривање на прастара ДНК. Заедно со палеонтрополозите утврдиле дека голема разновидност на човечки видови талкале низ континентот.

 „Многу научници од Западот очекуваат да видат Азијски фосили и артефакти преку призмата од што се случувало во Африка и Европа. Азија беше заборавен континент.

Нејзината улога во човековата еволуција е премногу неценета.“ - велат истражувачите. Во стандардната верзија на човековата еволуција, хомо сапиенс почнува од Африка. Односно, прво постоеле хомо еректус пред 2 милиони години. Потоа пред 600 000 години, се развил нов вид: хомо хајделбергенсис, најстарите остатоци кои биле пронајдени во Етиопија. Потоа тие ја напуштиле Африка и се поделиле на две гранки: едните кон Блискиот Исток а другите во Европа. Остатокот од популацијата во Африка еволуирал во нашиот сегашев вид, хомо сапиенс, пред 200 000 години.

 За жал, фосилните докази од овој период, добата на човековата раса, се недоволни или често имаат повеќе значења. Тоа е најмалку разбраната епизода во човековата еволуција. Приказната продолжува да се заплеткува со кинеските фосили анализирани во последните 4 децении, што предизвикува сомнеж во прогресијата на африканскиот хомо еректус во модерниот човек. Односно, Источна Азија има развиено нешто помеѓу хомо еректус и хомо сапиенс.

Многу истражувачи сметаат дека материјалите од Кина се различни од европските и африканските фосили, освен некои сличности. Черепот во Дали имал поголем простор за мозокот, помало лице и пониски образи. Овие фосили се сметаат за докази дека Пекингшкиот човек бил предок на модерните азиски луѓе. Во овој модел, познат како мултирелигионизам или продолжение на хибридизацијата, луѓето од хомо еректус од Азија се мешале со дојдени групи од Африка и нивниот проген ги создал предците на модерните азијци.

Поддршка за оваа идеја доаѓа и од артифактите во Кина. Во Европа и Африка, камените алатки се менувале со текот на времето, додека во Кина бил користен истиот тип на едноставен камен инструмент. Археолозите исто така тврдат дека национализмот нема поврзаност со еволуцијата. Туку се работи за доказите - фосилите и артефактите. Се покажува кон континуираната еволуција во Кина од хомо еректус во модерниот човек. Покрај различните интерпретации на кинеските фосили, сите се согласуваат дека приказната за еволуцијата во Азија е многу поинтересна отколку порано.

Но деталите остануваат матни, бидејќи малку истражувачи раскопуваат низ Азија. Но кога раскопуваат, резултатите се вчудоневидувачки. Во 2003 бил откриен череп а хомо флоресиензис. Тоа уште предизвикува дебата дали е тоа џуџеста форма на хомо еректус или некој друг примитивен вид. Собирањето повеќе фосили од сите делови на Азија ќе помогне да се пополнат празнините во теориите.

Многу истражувачи бараат поголем пристап кон веќе постоечките материјали. Повеќето фосили се достапни само на одредени кинески палеонтолози и нивните соработници. Исто така се надеваат дека ќе бидат пристапни за обични студии, скенирања и слично. Но сите се согласуваат дека Азија - најголемиот континент на Земјата - има многу повеќе да понуди во врска со разоткривање на човековата приказна. Сепак центарот на гравитацијата, се движи кон исток.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура