X
 04.03.2015 Култура

Интересни роденденски обичаи низ светот

Во некои држави низ светот се негуваат сосема поинакви обиачи кога станува збор за родендените и роденденските забави.

 

роденден


Јужна Кореја

Оние кои слават роденден во оваа земја „частат“ супа од морски алги. Станува збор за оброк кој поради количината на хранливи материи најчесто го јадат бремените жени. Но, и како што се верува, супата носи среќа во наредната година.

Аргентина

Аргентинските родендени се прославуваат со сендвичите наречени „де мига“. Станува збор за две парчиња леб помеѓу кои се става зеленчук, месо и сирење. На славеникот му се тргаат ушите толку пати колку што има години.

Русија

Традиционалниот роденденски оброк во Русија подразбира риба, компир и салата од цвекло. Се јаде и солена пирошка со месо и зеленучк, а наместо торта тие имаат овошна пита.

Мексико

Нитуеден детски роденден не поминува без „пињата“. Станува збор за предмети во облик на животни кои се полни со слатки, а кои славеникот мора да ги скрши за да дојде до слаткото. Со тоа познат е и обичајот наречен „ла мордида“ - збор кој луѓето го извикуваат додека ја туркаат главата на славеникот кон роденденската торта.

Гана

Појадокот е најважниот оброк во денот и време кога луѓето во Гана го слават својот роденден. Славениците се частат тврдо зготвени јајца и пире од овошје.

Англија

Исто како кај нас се дуваат свеќите на роденденската торта, а додека се прави тората, во кексот се крие паричка како симбол за богатство во иднина.

Кина

Приготвување на јајце е знак за плодност, а долгите тестенини се сметаат за симбол на долговечноста. И двете работи обавезно се јадат на кинеските роденденски прослави.

Бразил


Бригадеиро топките се хит во Бразил. Станува збор за слатки топки направени од кондензирано млеко и чоколадо во прав, украсени со чоколадни трошки. Исто така, децата јадат слатки во облик на овошје или зеленучк.

Австралија

Вилењачки леб е типично роденденско јадење во Австралија. Ова е едноставен и лсадок пекарски производ, на кој се додаваат шарени трошки за декорација.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура