Најмалечката човекова фигура на светот е направена од уметникот Џонти Хурвиц. Таа е висока колку лист хартија, а дебела само 100 микрони.
За да ја
направи, тој ја побарал помошта на нанонаучникот Стефан Хенгсбах кој со помош на микроскоп создал 3Д-пиксел. Следејќи дигитален модел, Хенгсбах го повторил процесот за да ја создаде фигурата.
Техниката има практична примена и во медицината. На пример, истражувачите може да произведуваат минимални делови за растење на бубрежно ткиво во телото на човекот, елиминирајќи ја потребата од траннсплатација на органот.