X
 25.05.2022 Живот

Победниците на фотонатпреварот „Олимпус“ го откриваат уметничкиот свет пронајден под микроскоп

Речиси 800 слики биле поднесени за наградата „Олимпус фотографија за 2021 година“. Прославувајќи ги научните фотографии направени со микроскоп, натпреварот е исполнет со слики што откриваат свет скриен од голото око на човекот. Овогодинешниот победник Јан Мартинек ја освои главната награда благодарение на неговиот интересен поглед на мало цветно растение кое често се користи во генетските истражувања.

Мартинек, кој потекнува од Чешка, е биолог за растителни клетки и поминува многу часови гледајќи ги растенијата под микроскоп. Тој прави стотици слики што ги користи во своето истражување и ги објавува и на социјалните мрежи, за научната заедница да може да ужива во нив.

- Среќен сум што благодарение на оваа награда, моите и сликите на другите од овој фасцинантен микрокосмос привлекуваат светско внимание - вели тој.

На натпреварот, експерт внимателно ги анализираше фотографиите за да ги пронајде најдобрите технички вештини и уметност. Покрај главната награда, беа препознаени и регионалните победници, а со фотографи од 49 земји имаше многу глобални таленти за награда. Од уникатен поглед на мов до јајниците на мушичката, темите на фотографиите ги демонстрираат уметничките чуда скриени во обичните предмети.

- Продолжуваат да ме воодушевуваат креативните фотографии што ги гледаме секоја година што го претвораат животот под микроскоп во уникатно уметничко дело - вели Сатоши Накамура, потпретседател за глобален маркетинг на натпреварот.

Во продолжение погледнете ги најдобрите фотографии.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Evident Life Science/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот