X
 27.12.2016 Наука

Ниту една слична: Убавината и грациозноста на снегулките

Објавени во 1923 година, овие фотографии ја потенцираат убавината и мистеријата на снежните кристали.

 

снегулка


Во доцните 1800-ти, земјоделецот Вилсон Бентли од Вермонт ја направил првата успешна „микрослика“ на една снегулка со помош на камера прикачена на микроскоп.

Дел од неговиот труд бил објавен во списанието „National Geographic“ во 1901 година. Друга серија од неговите фотографии била објавена во 1923 година, истакнувајќи ја деликатната убавина и уникатната геометрија на снежните кристали.

Денес ние се'уште се восхитуваме на начинот на кој изгледаат малите снегулки и како никоја не личи една со друга, иако во 1988 година, еден научник пронашол две снегулки кои изгледале идентично една на друга на молекуларно и атомски ниво.

„Открив дека снегулките беа чудо на убавината; и беше штета оваа убавина да не се сподели со другите“, изјавил Бентли во 1925 година, кој во текот на неговиот живот успеал да фотографира 5.000 снегулки.

 

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука