X
 24.03.2021 Живот

Анализа со микроскоп покажува кои маски се најефективни за заштита од коронавирусот

Истражувачи од Националниот институт за стандарди и технологија на САД ги набљудувале маските за заштита од коронавирусот под микроскоп за да дознаат колкава заштита обезбедуваат различните материјали.

Од почетокот на пандемијата се дебатира за ефикасноста на маските направени од ткаенини во споредба со хируршките. Истражувачот Едвард Виченци одлучил да ги набљудува маските под електронски микроскоп за да види колку се ефикасни. Заедно со колегите, тој набљудувал маски од 32 различни природни или синтетички материјали, како памук, волна, синтетика и комбинации од синтетика и памук.


Фото: NIST

Виченци открил дека се гледала разлика помеѓу ткаените и неткаените материјали. Кај ткаените материјали, секој конец имал комплексна форма, додека кај неткаените материјали, како маските Н95 и хируршките маски, микроскопските фотографии изгледаат хаотично бидејќи влакна од различни големини биле насочени во различни насоки.


Истражувачите ги анализирале дијаметарот на влакната, просторот помеѓу нив, дебелината на материјалот и други фактори за да дознаат кои материјали се подобри и заклучиле дека памучните маски се подобри од синтетичките. Памучните фланелни маски се покажале како особено ефикасни и нуделе подобра заштита од другите кога биле изложени на влага.

Причината за нивната ефикасност се цврсто групираните индивидуални влакна. Од институтот објасниле дека групирањето на влакната го отежнува поминувањето на аеросолите и ги заробува во материјалот.

Автор: Дерја Оздемир
Извор: interesingengineering.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот