Филозофите и писателите ги дале најдобрите загатки во текот на историјата. Илјадници ги запишувале своите загатки за јавноста, но некои се издвојуваат како најдобри според популарноста.
1. „Хобитот“ - Џ. Р. Р. Толкин
Вика без глас,
Мавта без крилја,
Гризе без заби,
Мрмори без уста.
2. „Цар Едип“ - Софокле
Што оди на четири нозе наутро, на две напладне и на три навечер?
3. „Хари Потер“ - Џ. К. Ролинг
Тоа е нешто што живее позади маска,
Живее во тајни и кажува само лаги.
Последниот дел кој се закрпува
е средината од средината или крајот од крајот?
Звукот често се слуша
додека барате збор на кој не може да се сетите.
Кое е суштеството кое не би сакале да ве бакне?
4. Загатка од математичарот Рејмонд Смулијан
Имате избор од две идентични врати со идентичен чувар на секоја. Едната врата води до рајот, а другата до пеколот. Може да му поставите едно прашање на еден чувар и да одберете врата низ која ќе поминете. Едниот чувар секогаш ја кажува вистината, а другиот секогаш лаже. Кое прашање ќе поставите?
5. Најстарата позната загатка
Има куќа во која човек влегува слеп, а излегува способен да гледа. Која е таа куќа?
Одговори
1. Ветер.
2. Човек. Како новороденче оди на четири нозе, како возрасен на две, а на стара возраст оди со помош на бастун.
3. Пајак.
4. „Дали другиот чувар ќе ми каже дека оваа врата води до рајот?“ Доколку чуварот одговори потврдно, таа е вратата до пеколот.
5. Училиште.