X
 10.03.2015 Наука

Решена мистеријата за најстариот мозок во светот

мозок

 

Недопрениот мозок од железно доба бил пронајден пред околу седум години во Јорк, а научниците неодамна успеале да открија зошто мозокот бил зачуван толку долго време.


Анализата покажала дека мозокот е стар околу 2.600 години. Судејќи според повредите идентификувани кај пршлените, причината за смрт била силен удар на вратот, по што била отсечена главата со мал, остар нож.

Експертите од Здружението на археолози веруваат дека мозокот бил зачуван благодарение на тоа што телото после смртта било закопано во почва од глина. Со цел да се развива процесот на распаѓање потребна е вода, кислород и температура погодна за бактериски ефект. И покрај тоа што надворешниот дел од черепот се распаднал по нормален пат, мозокот останал недопрен поради недостатокот на кислород.

„ова е најдеталната анализа некогаш спроведена која ни овозможи конечно да добиеме идеја за тоа зошто мозокот останал сочуван толку долго време и покрај тоа што меките ткива одамна се распаднале“, вели Соња О'Конор, водечки археолог на Универзитетот во Брадфорд.

Анализаата на забите и черепот покажала дека лицето во моментот на смртта имало помеѓу 26 и 45 години.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука