X
 29.09.2016 Здравје

Вежби за мозокот за развој на нови меѓуклеточни врски

Практикувањето на вежби за затегнување и обликување на телото е нормална активност и дел од секојдневието на многу луѓе. Но, како што постојат методи за физичка цврстина, има и такви за ментална.

мозок


Неуробик“ се психолошки вежби за мозочен тренинг и во нив се вклучени петте сетила. Овие методи го стимулираат развојот на нови нервни врски во разни регии во мозокот, ги зајакнуваат мозочните ќелии и го поттикнуваат производството на хранливи материи што ја подобрува меморијата. Можеби звучат чудно, но вреди да се проба:

Мијте ги забите со недоминантната рака: ова подразбира и користење на спротивната мозочна хемисфера што доведува до брзо и значајно ширење на подрачјето на церебралниот кортекс. При оваа вежба задолжително користете ја недоминантната рака и за употреба на пастата за заби.

Туширајте се со затворени очи: со ова се потенцира упортебата на сетилото за допир, при што рацете праќаат сигнали до мозокот за она што очите не го гледаат.

Променете ја вообичаената утринска рутина:
новите задачи ја зголемуваат зоната на кортексот, со што се зголемува активноста на мозокот.

Превртете ги предметите наопаку:
ако нештата се правилно наместени, левата страна од мозокот бргу ги препознава и вниманието се пренасочува кон нешто друго. Ако се наопаку, се активира десната хемисфера и мозокот се труди да го препознае обликот, бојата и односот поради необичната поставеност на предметот.

Променете го местото на масата:
ако постојано седите на исто место на трпезната маса, направте промена. На мозок му се потребни нови искуства.

Вдишете нови мириси: новите необични мириси (наместо оние на кои сте навикнале) активираат нови врски меѓу мозочните клетки.

Отворете го прозорот од автомобилот: хипокампусот е одговорен за сеќавањата, а тие ќе бидат појаки ако поинтензивно се искусат мирисите, звуците и сликите.

Проучувајте ги производите во супермаркетите: напуштете ја рутината да купувате постојано исти производи и истражете нови за промена за да си ги проширите видиците.

Зголемете ја комуникацијата во текот на денот: многу студии покажале дека недостатокот на комуникација има сериозен негативен ефект на когнитивните способности.

Читајте поинаку: кога се чита на глас, во себе или се слуша, се користат различни делови од мозокот. Обидете се да активирате што повеќе од нив.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје