X
 09.09.2022 Наука

Крвта на астронаутите покажува знаци на мутации на ДНК поради вселенските летови

Истражувачите 20 години складирале крв од астронаути за да видат како кратките вселенски летови влијаат врз здравјето на астронаутите.

Ризикот од рак кај астронаутите треба внимателно да се следи, заклучува студијата, која 20 години чувала крв од астронаутите.

Во истражувањето учествувале 14 астронаути и сите имале мутации на ДНК во матичните клетки кои формираат крв, се заклучува во студијата. Мутациите, иако невообичаено високи со оглед на возраста на астронаутите, сепак, биле под клучниот праг на загриженост.

Истражувачите посочуваат дека астронаутите треба да бидат предмет на периодичен скрининг на крвта за да се внимава на можни мутации.

Овие програми за мониторинг ќе бидат клучни бидејќи НАСА планира долготрајни мисии во длабоката вселена преку својата програма „Артемида“ на Месечината и подоцна на Марс.

Тимот одлучи да ја продолжи новата студија со оглед на зголемениот интерес за комерцијални вселенски летови и за истражување на длабоката вселена, како и за потенцијалните здравствени ризици од изложеност на различни штетни фактори кои се поврзани со повторени или долготрајни мисии за истражување на вселената.

nasa
Фото: NASA

НАСА неодамна ги промени барањата за доживотно зрачење за астронаутите за кои критичарите велат дека ги дискриминираат жените, кои историски имале пониски граници од астронаутите мажи.

Истражувачите открија поголем фреквенција на соматски мутации во гените на 14. астронаути земени предвид во студијата во однос на статистиката за популацијата која била во вселената.

Вселенската група летала помеѓу 1998 и 2001 година на шатл-мисии во просек од 12 дена. Приближно 85 отсто од групата биле мажи, а шест од астронаутите биле на нивната прва мисија.

Истражувачите собрале примероци од крвта на астронаутите двапати, точно 10 дена пред вселенскиот лет и денот кога се вратиле. Бели крвни зрнца биле собрани еднаш, три дена по враќањето на Земјата. Потоа примероците од крв биле оставени недопрени во замрзнувач 20 години, на -112 Целзиусови степени.

Соматските мутации забележани во гените биле помалку од 2 отсто. Оние лица кај кои тој праг ќе биде повисок се соочуваат со поголем ризик од развој на кардиоваскуларни болести и некои форми на рак.

- Присуството на овие мутации не мора да значи дека астронаутите ќе развијат кардиоваскуларни болести или рак, но постои ризик дека со текот на времето тоа може да се случи преку постојана и продолжена изложеност на екстремната средина на длабоката вселена - велат истражувачите.
Извор: Space.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука