Сашо Максимов од Кочани е третиот среќен добитник на автомобилот Ауди А3, којшто се доделува во рамките на најголемата наградна игра на Т-Мобиле. Тој се вклучил во наградната игра уште на самиот почеток. Па така, надежта на Сашо, дека ќе биде еден од добитниците на вредната награда на Т-Мобиле веќе била стивната. Но, кога во емисијата „Во недела попладне“ дознал дека третото по ред Ауди А3 ќе биде негово, возбудата била многу голема.
„Искрено на првите две извлекувања се надевав дека наградата ќе ми припадне мене, но изгубив надеж. Па така, убавата вест ја примив со огромна возбуда и ми беше потребно време да поверувам дека станав сопственик на ваков луксузен автомобил. Ова е навистина голема и вредна награда која ќе ми послужи не само на мене, туку на целото мое семејство. Се надевам летово ќе имаме можност да ја пробаме на некоја од летните дестинации“, изјави Сашо.
Тој е сопруг и татко на две малолетни дечиња и до сега имале постар модел на Мерцедес, па новиот Ауди А3 ќе биде сосема добредојден. Поучен од вербата која рано го напуштила при извлекување на автомобилите, Сашо вели дека овој пат нема да ги дигне рацете од понатамошното учество во наградната игра на векот. Повторно ќе си ја проба среќата и на финалното извлекување на Проше Кајман. „Очигледно дека никогаш не знаете кога среќата ќе ви се насмевне, па така, овој пат не дозволувам да ме напушти вербата дека ете можеби јас ќе бидам извлечен, но овој пат за спортскиот автомобил Порше Кајман. Воедно ги повикувам сите корисници на Т-Мобиле да си ја пробаат среќата бидејќи некогаш се чини дека таа е на дофат на рацете“ изјави Сашо.
Со доделувањето на последното Ауди А3, возбудата кај корисниците на Т-Мобиле, се зголемува сè повеќе. До крајот на „Наградната игра на векот“ на Т-Мобиле, којашто трае до 30 мај, останува да се додели уште луксузниот Порше Кајман. Извлекувањето на главната награда Порше Кајман ќе се случи на 31 мај во емисијата „Во недела попладне“ на Алфа ТВ.
Правилата на наградната игра на Т-Мобиле се едноставни и важат за сите нови и постојни припејд корисници. Доволно е корисниците да се регистрираат бесплатно на 1469 и да соберат 3 клуча (да се дополнат најмалку три ваучери од по 300 денари), со кои се добиваат три шанси за учество во извлекувањето.
За сите оние коишто сакаат да се вклучат во наградната игра, но не се припејд корисници на Т-Мобиле, постои дополнителна поволност. Во рамките на промотивната понуда „Припејд Дуо“, по цена од само 295 денари, корисниците добиваат пакет од 2 СИМ картички, при што секоја од нив е со вклучени разговори и SMS пораки во вредност од 10.000 денари, коишто може да се искористат кон сите T-Mobile и Т-Home корисници во период од 30 дена.
Повеќе информации за наградната игра може да се добијат на на www.t-mobile.mk, на 122 или во најблиската Телеком продавница.