Денали е највисоката планина во Северна Америка. Таа се наоѓа во Алјаска, а е позната по истоимениот национален парк кој е дом на мечки, елени, волци и други опасни животни. На оваа планина се наоѓа и најизолираниот хотел во светот.
Хотелот „Шелдон шале“ се наоѓа на височина од 1.829 метри. Тој има сауна и може да прими најмногу 10 гости истовремено.
Сместувањето вклучува и летање со хеликоптер, кое не е опција, туку задолжително со оглед на тоа што тоа е единствениот начин на кој може да се стигне до хотелот.
Цената за сместување во хотелот чини 35.500 долари за три ноќевања за двајца.
Извор:
Uniq Hotels
Фото: Instagram (Printscreen)