X
 16.03.2015 Образование

За казните и наградите од екстерното тестирање големо и гласно НЕ

Наставничкиот пленум пишува за наградите и казните од екстерното тестирање. Тие велат: НЕ!


„Ако наставата е едно големо патување, трагање и себенаоѓање, ако сме рекле не за сите закони во образовниот систем кои не можат да го измерат тоа патување, ако знаеме дека екстерните тестови се знак на ограничување на еден бескрај, тогаш зошто казни и зошто награди???

Нити казните имаат смисла, нити наградите имаат тежина. Се совпаднале или не оцените на наставникот со тие од екстерниот тест, во однос на сите други стратегии за предавање и учење е сосема ирелевантно. Тој тест не може да издржи ни најмала научна критика и според тоа нема никаква основа да постои. Во таа смисла станува јасно дека и казните и наградите се само инструмент за негацијата на еден долгорочен, тежок и благороден процес. Да се потцени професионализмот, да се оцени подобноста во тој професионализам преку екстерен тест кој не е знаење, туку еден вид руски рулет, еден вид лотарија, значи навредување и потценување на професијата. Според тоа, и казните и наградите се бесмислени.

Образованието во основа треба да биде иницијативниот чин на секој напредок во општество и никако чин на сегрегација на наставниците по пат на совпаѓање на годишните оцени со оние на тестот. Во тоа име, во име на таа смисла, во име на таа бесмисла, во име на гордоста што секој поединец во оваа професија треба да ја поседува, Наставнички пленум ги повикува сите наставници кои досега од било какви причини не се откажале од наградите тоа да го сторат, за да се зачува дигнитетот на професијата.

Со почит,

Наставнички пленум, 15.03.2015“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование