X
 17.03.2015 Наука

Затемнувањето на Сонцето видливо и од Македонија

Во петок (20-ти март) ќе се случи еден интересен астрономски настан – затемнување на Сонцето. За жал, од кај нас нема да се гледа тотално затемнување – таа привилегија ќе ја имаат само жителите и посетителите на Фарските острови и на островите Свалбард на крајниот север на нашата планета. Цел остаток од тоталитетот ќе поминува низ Атлантскиот и Северниот Леден Океан. Малкуте места, каде што поминува тоталитетот на копно, не го прават ова затемнување толку интересно за светската астрономска јавност, а дополнителен фактор за ова претставува релативната недостапност на локациите.



Преку ОВОЈ ЛИНК можете да ги видите деталите за Вашата локација.

Од кај нас, а и од цела континентална Европа ќе можеме да видиме делумно затемнување на Сонцето. Колку сте понасевер во Европа толку повеќе од дискот на Сонцето ќе биде затемнет од Месечината. Од Скопје околу 43.5 проценти од дискот на Сонцето ќе бидат затемнети за време на максимумот од затемнувањето во 10:45 минути на 20 март.

Затемнувањето за Скопје започнува во 9:37:56, максимумот ќе биде во 10:45:10, а завршува во 11:56:34. Членовите на нашето друштво ќе бидат поставени на градскиот плоштад во Скопје и ќе се потрудат да Ви го доловат овој несекојдневен настан. Ќе бидеме поставени со телескопите уште пред 9:30 часот па во текот на следните повеќе од 2 и пол часа ќе го следиме затемнувањето. Сите заинтересирани ќе можат да дојдат и да го погледнат овој настан преку телескопите на нашето друштво.

Прочитајте повеќе на ОВОЈ ЛИНК (www.astronomija.com.mk)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука