X
 18.03.2015 Наука

Феномените кои се појавуваат за време на помрачување на Сонцето

Во петок, на 20 март, започнува пролетта. Истиот ден ќе видиме помрачување на Сонцето.


Пролетта започнува во петок во 23:45, а истовремено за жителите на јужната полутопка започнува есента. Што се однесува до помрачувањето на Сонцето, првиот контакт на Сонцето со Месечината ќе се забележи во 9:40.

Во 11:59 Месечината ќе се симне од Сонцето, односно ќе го има последниот контакт со ѕвездата. Максималното помрачување ќе биде во 10:49 минути, кога ќе биде покриена 51% од површината на Сонцето. Цела Европа ќе може да го гледа помрачувањето.

Што ќе се случува за време помрачувањето?

За почеток, сите ќе забележиме инстантно намалување на температурата. Сонцето започнува да ја губи кружната форма, а истовремено на земјата се менуваат сенките. Кога ќе погледнете во сенките од дрвјата ќе видите дека тие имаат чуден облик на полумесечина.

Во моментот на максималното помрачување, целиот свет започнува да се бранува. Бранови од темно и светло може да се видат на дното на базените за пливање, а истите ги има секаде низ светот. Овие бранови може да бидат стационарни или да патуваат многу брзо.


За да го сфатите овој феномен подобро запалете свеќа во домот и ставете ја во близина на ѕид, а потоа осветлете ја со светилка. Топлината од свеќата ќе влијае на густината во воздухот и светлината од светилката ќе се покаже во чудни форми.

Сличен ефект се добива и за време на помрачувањето на Сонцето, иако предизвикан од различни нешта.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука