X
 21.03.2015 Култура

Поддршка за Тунис од целиот свет


Тунис беше погоден од страшен терористички напад неделава. 19 луѓе, повеќето од кои странци, беа убиени во најпопуларниот музеј „Бардо“. Убиени биле туристи од Полска, Италија, Германија и Шпанија. Нападот бил организиран и извршен од страна терористичката група Исламска држава.

Во моментот на нападот, во музејот имало повеќе од 100 туристи. Сиромашната земја досега ја основа својата економија на туризмот. По нападот на музејот, повеќето од туристите кои требало да патуваат во прекрасната земја ги откажале своите земји. Трагедијата ги погодува жителите дотолку повеќе со тоа што го напаѓа туризмот во земјата.

На „Фејсбук“ се шири поддршката за Тунис. Жители од целиот свет испраќаат пораки дека ќе дојдат во Тунис! Во галеријата може да видите повеќе слики од луѓе од  Шкотска, Венецуела, Полска Шпанија, САД, Велика Британија...

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура