X
 07.04.2020 Здравје

Светскиот ден на здравјето е посветен на медицинските сестри и на акушерките

Под мотото „Поддршка на медицинските сестри и акушерките“ денеска Светската здравствена организација го прославува Светскиот ден на здравјето.

- Медицинските сестри и акушерките имаат клучна улога во одржувањето здрав свет - порачува СЗО по повод Светскиот ден на здравјето, кој се прославува на 7 април.

- Медицинските сестри и другите здравствени работници се во првите редови во борбата со коронавирусот, обезбедувајќи третман и грижа за пациентите. 

Во оваа меѓународна година на медицинските сестри и акушерките, Светскиот ден на здравјето го потенцира сегашниот статус на медицинските сестри. СЗО и нејзините партнери ќе дадат серија препораки за зајакнување на работната сила меѓу медицинските сестри и акушерките. Ова ќе биде од витално значење доколку сакаме да постигнеме национални и глобални цели поврзани со универзално здравство, здравјето на мајките и на децата, преносливи и непреносливи болести, подготвеност и одговор при итни случаи, безбедноста на пациентите и нивна грижа. 

Ве повикуваме за ваша поддршка на Светскиот ден на здравјето за да се осигуриме дека работните места на медицинските сестри и акушерките се доволно силни и да се осигуриме дека сите, насекаде, ја добиваат потребната здравствена грижа - стои во соопштението на СЗО.

ТУКА можете да прочитате повеќе за Извештајот за медицинските сестри низ светот за 2020 година.

Фото: WHO

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје