X
 14.11.2019 Технологија

„Хром“ подготви „орден на срамот“ за веб-страниците што се многу бавни

„Гугл“ тестира посебна икона што ќе се појавува исклучиво ако веб-страницата се вчитува многу бавно на „Хром“. Така, „Хром“ ќе ѝ даде беџ на веб-страницата што ќе биде премногу бавна.

- Ова ќе има многу форми, а ние планираме да експериментираме со различни опции за да одлучиме што обезбедува најголема вредност за нашите корисници - пишува во блог-постот од тимот на „Хром“.

Новиот беџ ќе биде дизајниран за да стави акцент на страниците што се направени така што премногу бавно се вчитуваат. Развојниот тим на „Хром“ исто така истражува начини на кои ќе може да ги предупреди корисниците во случај страницата да се вчитува бавно поради нејзиниот систем или хардвер.

Една од идеите вклучува различни бои на црти за вчитување на веб-страницата - ако е зелена, веб-страницата е во ред, а ако не е, може да се работи за неефикасен код.

Мерките за „бавни страници“ се претставени во рамките на неодамна одржаниот самит на „Хром“ во Сан Франциско.

google


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија