X
 02.04.2015 Образование

Средношколскиот пленум упати повик за јавна дебата



Средношколскиот пленум ја повикува средношколската унија на јавна дебата... Официјалната покана ви ја пренесуваме во целост

Средношколскиот пленум ја повикува средношколската унија на јавна дебата преку која претставниците на овие две структури ќе ги соочат своите ставови и аргументи, и отворено ќе дискутираат за своите барања. Средношколскиот пленум е автохтоно, и автономно движење кое се бори, и ќе се бори за правата на сите средношколци, без разлика на нивната партиска, верска, и друга лична определба. Сметаме дека е несериозно да се нафрлуваат обвинувања за нелегитимност од страна на организација за која ниту нејзините претставници не се свесни дека е формално-правно неактивна! Бараме од средношколската унија, доколку навистина се смета за легитимен претставник кој ги штити правата на средношколците, во рок од 24 часа да се изјасни по оваа покана за јавна дебата.

Нагласуваме дека сите заинтересирани медиуми се поканети да присуствуваат на оваа дебата.

Со почит,
Средношколски Пленум

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование