X
 28.04.2015 Образование

Заврши втората средба на средношколците со Адеми. Има ли надеж?

Заврши втората средба на средношколците со министерот за образование Абдулаким Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски, јавува репортерката на НОВА, Славица Филиповска.


Претставниците на Средношколскиот пленум изјавија дека денешната средба им влева надеж и дека можно е да се врати стариот концепт на државна матура.

Неофицијално, ваквиот предлог Адеми ќе го постави на владина седница, по што ќе се знае дали ваквото барање на средношколците ќе биде прифатено.

Во меѓувреме, бојкотот и кампувањето на средношколците во Паркот на новинари сптои зградата на МОН, продолжува.

Тие велат дека се подготвени да продолжат со преговорите со ресорното министерство, но најголемо отстапување кое може да го направат е само враќањето на стариот концепт на полагање.

Во однос на екстерното тестирање не е постигнат никаков договор но средношколците забележуваат позитивна атмосфера за преговори.

По завршувањето на средбата од МОН се уште нема официјален став. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование