X
 09.05.2016 Образование

Кои се најисплатливи дипломи во Македонија?

Се чини дека дејноста која е најисплатлива во Македонија не бара специфична диплома, туку сертификат, а дејностите во кои има најмногу слободни места, а со тоа најголеми шанси за вработување, не се и најплатените.



Според податоците од Државниот завод за статистика, највисоките просечни плати за изминатата година ги имаат дејностите:

1. Воздухопловен транспорт – 47.635 денари.

2. Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 47.070 денари.

3. Спортски, забавни и рекреативни дејности – 42.035 денари.

4. Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 40.824 денари.

5. Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 40.405 денари.

6. Правни и сметководствени дејности – 40.179 денари.

7. Телекомуникации – 39.504 денари.

8. Осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување - 37.138 денари.

9. Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – 36.856 денари

10. Маркетинг (реклама и пропаганда) и истражување на пазарот – 36.430 денари.

Најплатената дејност во Македонија според просечната нето-плата изминатата година бара обука за пилот, која се посетува со услов поседување било каква факултетска диплома. За втората најплатена дејност, компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, е потребна диплома од факултет за информатички и комуникациски технологии.

Меѓу останатите најплатени дејности се такви што бараат дипломи од Економски факултет, Фармацевтски факултет, Правен факултет, Електро-Технички факултет и Машински факултет.

Доколку ги погледнеме нависоките просечни нето-плати по индустрии, најплатени се индустриите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (39.789 денари просечна нето-плата); Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (36.856 денари просечна нето-плата); Информации и комуникации (35.241 денари просечна нето-плата); Стручни, научни и технички дејности (29.102 денари просечна нето-плата).

Интересно е тоа што просечната нето-плата на најплатените индустрии се намалила во последната година. Така, просечните нето-плати во овие индустрии во февруари 2016 биле пониски од оние во јануари 2015 година.

Просечна плата од јануари 2015 и февруари 2016
Create column charts


Кога станува збор за најбараните дејности, најисплатливо е да се студира нешто сосема друго, како област во трговската или преработувачката индустрија. Најголем број слободни места во март годинава имало во индустриите:

1. Преработувачка индустрија (2.054 слободни работни места);

2. Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (1.279 слободни работни места);

3. Градежништво (614 слободни работни места).



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование