Психологотт Кевин Датон од Одделот за експериментална психологија при УНиверзитетот во Оксфорд спроведе истражување со кое ги откри топ 10-те професии во кои можат да се пронајдат најголем број психопати.
На листата се наоѓаат професии за кои има смисла да се одлучат психопатите, меѓутоа се наоѓаат и професии за кои сигурно би помислиле дека се грешка. Ова се професиите:
1. Главен извршен директор
2. Адвокат
3. Медиуми (ТВ / радио)
4. Продавач
5. Хирург
6. Новинар
7. Полицаец
8. Cвештеник
9. Готвач
10. Државен службеник
Голем дел од овие работни места имаат смисла, со оглед на тоа што карактеристиките на еден психопат се: сигурност во себе, егоцентричност, бестрашност, рамнодушност и шармантност. Покрај тоа, сите карактеристики често пати ги поврзуваме со успех. Ова не значи дека успешните луѓе се душевно болни, ниту пак дека луѓето кои не успеале треба да го обвинуваат недостатокот на
психопатија.
Истражување во „Journal of Business Ethics“ открива дека иако психопатите може да се најдат во високо платените професии како што се извршен директор и адвокат, тие често пати се помалку успешни отколку нивните колеги. Тие заработуваат помалку пари и нивните односи исто така се помалку успешни.