X
 23.04.2015 Живот

Начини како да го зачувате разумот за време на испитна сесија

Испитната сесија (и тестовите) се еден вид на формално малтретирање кое ја менува климата на факултет (или на училиште) и ги менуваат вашите денови и вашето расположение правејќи ве ригидни, фокусирани и најверојатно под стрес.

Со тоа на ум, ви нудиме интересни совети кои ќе ви помогнат да го пребродите овој период на испити и тестови за потоа без проблем да уживате во долгите летни утра, попладневни часови и вечери.

1. Справете се со работите како што се случуваат и не правете планови - Ова можеби звучи едноставно, но може да помогне. Слободно можете да го задржите одбројувањето за тоа уште колку денови останаа до испитната сесија, меѓутоа обидете се да живеете живот кој не е полн со стрес.

2. Одложете било какви промени
- Премногу промени наеднаш дури и една промена со големо влијание, може да ви го одвлече вниманието.

3. Работете заедно
- Работењето и учењето во групи е одлично; преку разменување на мислењата можете да научите многу повеќе.

4. Побарајте помош - Доколку ви е потребна помош за совладување на материјалот посетете го професорот на консултации или побарајте помош од вашиот колега.

5. Дајте им приоритет на работите - Време е да започнете да давате приоритет на работите кои се важни и секако, да ги ставите на „пауза“ работите кои не се важни. Да, излегувањето ви изгледа како доста важна работа, меѓутоа сигурно не е поважна од испитот.

6. Слушајте музика - Научно е докажано дека одреден тип на музика (особено класичната) може да ви помогне во учењето и да ви ја зголеми концентрацијата.

7. Запалете свеќа - Свеќата од брусница или лаванда е доста релаксирачка, а свеќата од ванила го подобрува расположението.

8. Вежбајте - Одете на јога, играјте зумба или кик бокс. Воопшто не е важно. Важно е да се ослободите од стресот.

9. Играјте игри - Иако игрите често пати се гласни и го одвлекуваат вниманието, сепак потребно ви е место кадешто ќе се ослободите од стресот и на момент ќе заборавите за испитната сесија и бремето кое го носи таа.

10. И не заборавајте
- Испитната сесија обично значи дека се наближува одмор. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот