X
 07.04.2015 Култура

"Shakespeare and Company" - книжевна утопија за секој обожавател на книги

„Не бидете негостопримливи со странците - тие можеби се маскирани ангели“ - пишува на ова место во Франција, како правило според кое секој човек треба да се раководи.

 

1


„37 rue de la Bûcherie 75005“ во Париз било отсекогаш познато како место кое треба да го посети секој турист. Книжевна утопија е термин кој совршено го опишува ова место преполно со книги.

„Shakespeare and Company“ е најпознатата книжарница во светот која го зазема главниот дел од најубавиот град во светот, спротивно од реката Сена во Париз, недалеку од Латинскиот кварт, местото Сен Мишел и булеварот Сен Жермен. Лоцирана на левиот брег, оригиналната продавница која истовремено е и библиотека и издавачка куќа за писателите, била отворена од американката Силвија Бич, и била дел од мемоарите на Ернест Хемингвеј „Подвижен празник“.

Оваа книжарница/библиотека била место во која се собирала „изгубената генерација“ на писатели како Ернест Хемингвеј, Ф.Скот Фицџералд и Џејмс Џојс. Френк Синатра, иако не бил писател, бил голем обожавател на книгите по историја па често пати го посетувал ова место.

Книжарницата била затворена за време на Втората светска војна, и повторно отворена во 1951 година од Џорџ Витман, чија ќерка Силвија денес раководи со неа. Од предната страна полиците со книги ја опкружуваат прекрасната украсена фонтана, изградена во 19-от век. Ова место е доста е еден вид на симбол на туристичка дестинација и место кое често пати се појавува во филмовите („Before sunset“ на Ричард Линклејтер и „Midnight in Paris“ на Вуди Ален).

Прибежиште за писателите и место кое мора да се види барем еднаш во животот, место во кое секој знае дека нема подобар пријател од книгата.

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура