Добра ти е работата. Во понеделник запали го Витмен, петок Фокнер, нека се направат пепел, па запали ја и таа пепел. Тоа е нашиот официјален слоган, вели Монтаг во книгата на Ре Бредбери.
Во делото „Фаренхајт 451“ книгите биле запалени поради идеи: читањето ги прави луѓето несреќни и им буди лошо чувство. До моментот кога Монтаг не го прекршил правилото што го почитувал со години. Имено, читајќи ги книгите што подоцна ги горел, ја сфатил нивната вистинска вредност.
Додека многумина бегале за слобода, Џордано Бруно не се откажувал од неговите идеи. Храбро зборувал за хелиоцентричниот систем на Никола Коперник и ја дал својата теорија за движењето на небесните тела. Додека црквата сметала дека Земјата се наоѓа во центарот на универзумот, Коперник велел дека Сонцето е во центарот.
Спротивно на нивните факти, Бруно ја надополнил теоријата на Коперник согласувајќи се со него дека Земјата не се врти околу Сонцето, туку околу својата оска. Тој сметал дека универзумот е бесконечен и дека постои живот како на нашата, така и на други планети.
Постојат неколку идеи за кои тој бил обвинет дека бил ерес:
1. Изјавата дека постоајт два вистински и универзални постоења: душата на светот и изворната материја од која произлегле суштествата.
Дали светот и луѓето биле создадени од Бога или произлегле од материјата? Овој факт, секако, се коси со верувањата на црквата.
2. Идејата дека секоја реалност живее во вечната и бесконечна душа на светот, вклучувајќи го и телото: „Не постои реалност што не е придружена со дух и интелигенција“.
Бесконечната душа во вид на материја што кружи во природата, која не оди во пеколот туку се враќа во нова форма на овој свет, после смртта. Веле дека светот поседува душа исто како човекот и ја нарекол Анима Мунди.
3. Означувањето на ѕвездите како пророци и водачи на Божјите патишта
На доста описен начин ги претставил сликите на Сатурн, Јупитер, Марс, Сонцето, Венера, Меркур, Месечината, во 49 планетарни слики.
4. Спротивставување на доктрината на Св.Томас за душата, духовната реалност одржана во заробеништво во телото што не се смета за форма на човечкото тело.
За разлика од Галилео кој се откажал од своите научни трудови и ставови дека Земјата е кружна, Бруно останува верен на неговите идеи. Бил запален од страна на Инквизицијата.
„Ако некој сака да мисли како повеќето, само затоа што мнозинството така мисли, тоа е доказ за неговата нискост. Вистината не се менува затоа што во неа веруваат или не веруваат повеќето луѓе“.
Пуританци - животот е проклетство
Среќата за пуританците не постоела. Тие си го одзеле себеси сето она што може да се одземе. Нивната идеја била дека Божјиот гнев создал проклетство на земјата. Идејата на пуританците се сведувала на прочистување на англиската црква.
Станале политички активни во 1600-те, кога зачекориле по патеките на слобониот човек кон Новиот свет. Пронашле свој дом во Америка, во околината на Бостон. Во малиот град Сејлем кој е најпознат по вештерките што биле ловени и казнувани.
Библијата за пуртанците била единствената книга, нивното верување се базирало на калвинизмот. Во прилог на 10-те Божји заповеди тие се придржувале и кон калвинистичките верувања опишано во 5 точки:
1. Се сметале себеси за робови на гревот и морално неспособни да ги надминат сопствените пороци.
2. Бог ги спасува само избраните. Уште пред самото раѓање запишано е дали пуританецот ќе оди во рајот или во пеколот. Бог избира кој ќе биде спасен, а кој проколнат.
3. Сметале дека Исус страдал за избраните и дека Бог ги одредил и пред самото создавање на светот.
4. Божјата милост не може да се заработи или одбие. Бог доброволно ги избира.
5. Само избраните имаат право и способност да живеат морален живот.
Новиот образовен систем на Хитлер - антиинтелектуализам
Откритијата на човекот како и тежнеењето кон нови истражувања се појавуваат со пронаоѓањето на огнот, па така и Хитлер сакал да започне нов образовен систем палејќи книги што сметал дека се непотребни, па и на некој начин штетни.
Ја поддржувал еугениката, велејќи дека треба да се внимава на Евреите бидејќи тие се најголемиот непријател.
Децата во училиштата учеле за моќта на телото, моќта на духот, моќта на слободното изразување. На Хитлер му биле потребни добри војници, а најлесно можел да се воспостави авторитет над нив, кога не биле научени да размислуваат за себе.
Пропагандата бил нов вид на едукација. Користејќи плакати што носеле пораки како: „Младината му служи на лидерот: Сите 10-годишници се младината на Хитлер“, „Човечка дегенерација=Човечка смрт“, „Деца, дали знаете за Фирерот?“ и слични, дури и повознемирувачки пораки.
„Еврејскиот нос е широк при крајот и изгледа како бројот шест“.
Наставниците ги учеле децата како да препознаваат Евреи. Ги
палел делата на светската книжевност напишана од вештите раце на Алберт Ајнштајн, Франц Кафка, Џек Лондон, Томас Ман, Карл Маркс, Емил Зола.
Денес, кога ви е дадена можност да го искажете вашиот став, научете да ја цените: многумина страдале поради тоа.