X
 11.07.2022 Наука

Јапонија претстави план за изградба на структури за живот на Месечината и на Марс

Низ годините имало многу планови за населување на Месечината и на Марс. Сега, Јапонија претстави план кој можеби има најдобри шанси за реализација.

Фирмата „Каџима корпорејшн“ предложила изградба на структура која ротира на секои 20 секунди за да постигне гравитација како на Земјата. Архитектите и научниците планираат изградба на две посебни вакви структури на Месечината и на Марс. Во структурите би имало шуми и водни структури кои би го имитирале биодиверзитетот на Земјата.

Нивната цел треба да биде развивање на вселенскиот туризам.

Според јапонските медиуми, изградбата на ваквите структури би траела речиси 100 години, иако едноставна верзија од структурата би можела да се најде на Месечината до 2050 година.


Извор: Mashable
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука