Во англискиот јазик, постојат зборови кои може да се најдат на секоја страница од секоја книга. Овие зборови играат голема улога во способноста на детето да чита на рана возраст. Како наставниците треба да ги предаваат овие зборови?
Долчевата листа на најчести зборови вклучува 220 зборови од основно ниво кои сочинуваат до 7% од зборовите кои може да се најдат во детските книги. „Primary learning“ препорачува метод за предавање на овие зборови. Сепак, тие советуваат наставникот да предава врз основа на книгите кои ги доделува за читање.
Започнете со првата книга и запишете ги зборовите во редослед според кој се појавуваат во книгите. На пример:
Листа 1
he, was, that, she, on, they, but, at, with, all
Листа 2
here, out, be, have, am, do, did, what, so, get, like
Листа 3
this, will, yes, went, are, now, no, came, ride, into
Листа 4
good, want, too, pretty, four, saw, well, ran, brown, eat, who
Листа 5
new, must, black, white, soon, our, ate, say, under, please
Бидете постојани со предавањето на овие зборови. Користете ги истите техники за секој збор за децата да не се збунат. Претставувањето на зборовите зависи од возраста на детето. Пред да започнете со предавање, бидете сигурни дека детето ги знае и препознава сите букви во азбуката. Во зависност од подготвеноста, предавајте 1-4 зборови неделно.
Визуелизацијата им помага на учениците да ги запомнат информациите. Покажете печатена верзија од зборовите за тие да ги поврзат значењето и буквите.
Потоа, повторувањето е клучот за долгорочното помнење. Децата треба да може да читаат, следат и пишуваат зборови кои често се појавуваат. Важно е ученикот да може да ги препознава зборовите со содржината. Користете соодветни книги и пасуси за да ги вежбате зборовите.
Наоѓајте и заокружувајте зборови во текст и составете реченица со две, три или повеќе зборови кои се научени. Вежбањето го стимулира мозокот и му помага подобро да ја апсорбира информацијата. Понудете повеќе активности за вежбање.
Конечно, користете игри. На помала возраст,
лекциите не треба да траат долго бидејќи децата се уморуваат бргу. Играњето игри е забавно и така секое дете ќе сака да учествува.