Речиси секој предлог за брак се состои од скапа вечера во убав ресторан, изјава на љубов и голем дијамантски прстен. Верувале или не, дијамантите не се толку ретки како што мислиме. Впрочем, дијамантите чинат толку многу поради успешните маркетинг кампањи кои му ја зголемуваат вредноста (онаму кадешто не постои).
Првите познати дијаманти откриени од луѓе биле најдени во 700 или 800 година п.н.е. во Индија, од страна на дравидијанците. Оттаму ја добиваме мерната единица карат. Дравидијанците ги мереле дијамантите во споредба со семето од растението Ceratonia siliqua.
Дијамантите се наоѓаат во старите приказни стари до 2.500 години, меѓу кои и за Александар Македонски. Во енциклопедијата „Природна историја“ од 78 година се пишувало за дијамантите. Источните трговци ги донеле во Европа заедно со свилата, зачините и другите егзотични добра, а тие се користеле како вредни предмети за размена. Тие биле валкани и несечени. Се' се сменило во 1869 година.
Пред оваа година, главниот извос на јужна Африка биле волната и шеќерот. Таму немало ништо интересно за Европа. Во 1869 година, еден млад фармер од денешна Јужноафриканска република пронашол 22-каратен дијамант. Три години подоцна, еден овчар пронашол 83-каратен дијамант во истата земја. Дијамантот бил наречен „ѕвезда на јужна Африка“ и започнал да се извезува со помош на Британците. Наскоро биле пронајдени уште многу количини дијамант.
Вредноста на земјата во регионот растела, исто како и вредноста на земјата во остатокот од државата. Британците започнале војна за да ја добијат „земјата на дијамантите“. Иако победиле, тие загубиле многу повеќе војници од противниците.
Во текот на 1880-те, вредноста на дијамантот паднала. Дијамантот станал полускапоцен камен и голем дел од рудниците биле во опасност од затворање.
Сопствениците на рудниците одлучиле да се здружат и формираат една заедничка компанија за да создадат монопол во индустријата. Во 1902 година, оваа компанија била одговорна за 90% од светското производство на дијаманти.
Во 1938 година, индустријата повторно започнала да слабее откако биле отворени рудници во Австралија, Сибир и западна Африка.
Јужноафриканците решиле да ги искористат Американците за да се вратат во бизнисот како порано. Им бил потребен начин да ги убедат Американците (кои тогаш имале пари) да го купат нивниот производ. Тие ја искористиле љубовта.
Со медиумите, филмовите, па дури и предавања во средните училишта низ земјата тренд станале дијамантските прстени за запросување. Тие создале илузија дека дијамантите се еднакви на љубовта, а поголемиот дијамант значи поголема љубов.
До 1944 година, продажбата на дијамантите пораснала за 55% во САД.
Идејата за вечна љубов изразена преку дијамант останува до денес, и тоа во целиот свет, не само во САД.