Можеби сте слушнале дека дијамантот е најцврст материјал на светот. Дијамантите се составени од чист графит кој под притисок создава многу цврста и правилна внатрешна структура.
Тоа е неорганска материја, но и некои организми може да произведат многу цврст материјал. Досега се мислеше дека пајажината од пајакот е најцврст биолошки материјал. Но еден вид на морски школки го имаат приматот за најцврст биолошки материјал на светот.
Нивните заби се толку мали што се видиви само под микроскоп. Тие се составени од тенки, цврсто спакувани влакна од цврст материјал наречен гоетит. Малите школки ги користат овие заби да ја гребат храната од карпите. Овој материјал може да издржи притисок од 5 гигапаскали што е 5 пати повеќе од пајажината.
Тенките влакна се тајната за издржливоста. Големите структури имаат повеќе простор во нив и затоа полесно се кршат за разлика од малите структури. Тие се големи колку 1 процент од дијаметарот на човечкото влакно.
Толку тенко а издржливо. Тоа е неверојатно.
Извор:
Optimum Naturae