Во Пенсакола, Флорида се наоѓа еден бар вреден милион долари. Тој не е направен од злато, ниту дијаманти, но во него висат потпишани банкноти кои ја имаат таа вредност.
Барот „Мекгвајер“ бил отворен во 1982 година. Првиот гостин оставил 1 долари за среќа во работата, а келнерката го закачила доларот позади шанкот. Утредента, повеќе познаници го сториле истото и веќе се родила традиција. Денес, на сите страни во барот висат повеќе од еден милион потпишани долари.
Секако, искушението е големо за гостите. Имало случаи каде гостите биле фатени како крадат од доларите, а еднаш еден вработен бил фатен со 5.000 од банкнотите.
Како изгледа барот? Ѕирнете во внатрешноста преку фотографиите во галеријата.