X
 05.05.2015 Култура

Најголемата книга во светот

Кутодав Пагода е будистичка ступа која се наоѓа на падините на ридот Мандалеј во Мандалеј, Бурма. Била изградена за време на владеењето на кралот Миндон Мин за време на изградбата на новата престолнина во 1857 година.


Кралот бил загрижен дека сето кое го имаат од Буда ќе се загуби со доаѓањето на Британците во регионот, па решил да го напише целиот текст од религиозните будистички книги на големи камени пличи. Секоја плоча е широка еден метар и висока метар и половина, а дебела 13 центиметри. Има 730 такви плочи. Секоја од плочите има свој храм со скапоцен камен на врвот, а сите тие се наредени околу златна градба во средината.

Овие 730 плочи фигуративно се сметаат за најголемата книга во светот. Работата на „книгата“ започнала од 1860 година. На плочите работеле монаси и работници, кои ги пишувале речениците на каменот. Една плоча се завршувала за приближно три дена.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура