X
 17.12.2019 Здравје

Проверете го здравјето на вашето срце за само 30 секунди

Вашето срце може да чука дури и ако не е поврзано со вашето тело, и тоа е она што го прави овој орган толку моќен. Срцето е еден од најважните органи, па поради тоа е важно да живеете здраво, за и тоа да биде здраво.

За да откриете колку е здраво вашето срце, можете да го направите овој тест што ќе ви одземе само 30 секунди.

Првиот чекор е да наполните студена вода во сад, а за уште подобри резултати ставете и неколку коцки мраз. Потоа, ставете ги рацете во водата со коцките мраз и држете ги 30 секунди. Тоа ќе ви покаже како вашата крв реагира при студ.

Можете да добиете два резултати. Ако прстите ви се црвени, тоа е добра вест и значи дека немате проблем со протокот на крв. Тоа значи дека вашето срце и крвотокот се здрави.

Ако прстите ви станат бледи и сини, веројатно имате проблем со циркулацијата на крвта.

test
Фото: Brightside


Тоа се случува бидејќи имате ниско ниво на кислород во крвните клетки. Во овој случај обидете се да ги загреете или масирате прстите за да ги вратите во нормала, а ако тоа не се случи, посетете доктор.

Храната што може да го подобри здравјето на вашето срце се лукот, кој го намалува крвниот притисок, и темното чоколадо, кое го нормализира крвниот притисок и се бори против воспаленија. Циметот се бори против срцеви болести и атеросклероза, а авокадото го намалува нивото на лош холестерол и помага во чистењето на артериите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје