X
 02.06.2025 Живот

„На убавиот син Дунав“ се емитуваше во вселената

„На убавиот син Дунав“ од австрискиот композитор Јохан Штраус II за многу луѓе е синоним за патување во вселената поради научнофантастичниот класик на Стенли Кјубрик од 1968 година „2001: Вселенска одисеја“.

Но, светски познатиот валцер навистина патуваше меѓу ѕвездите на 31 мај 2025 г. кога антената на Европската вселенска агенција емитуваше негова изведба во живо во вселената за да го прослави јубилејот - 200 години од роденденот на композиторот.

Виенскиот симфониски оркестар одржа концерт во австриската престолнина. Концертот беше емитуван во живо на интернет, а исто така беше прикажан и на јавна проекција во Виена, Њујорк и во близина на антената во Шпанија.

- Дигитализираниот звук ќе биде пренесен до големата 35-метарска сателитска антена на копнената станица „Себрерос“ на ЕСА во Шпанија - изјавил Јозеф Ашбахер, генерален директор на ЕСА.

И оттаму валцерот беше пренесен во форма на електромагнетни бранови.


„Типично за вселената“

„На убавиот син Дунав“ ја евоцира елеганцијата на Виена од 19 век, која продолжува да живее во сезоната на бучни балови во градот. За Норберт Кетнер, директор на туристичкиот одбор на Виена, валцерот за Дунав е „вистинска неофицијална вселенска химна“ поради Кјубрик.


Безвремениот валцер е „типичен звук на вселената“, според Кетнер, а мелодиите се свират „за време на разни маневри за пристанување на Меѓународната вселенска станица“.

Пополнување на празнина

Откако е пренесен преку сателитската антена на Шпанија, сигналот патува со брзина на светлината за на крајот да стигне до вселенското летало „Војаџер 1“ на НАСА - најоддалечениот објект направен од човекот во универзумот - за приближно 23 часа и 3 минути.

Извор: phys.org

Фото: Freepik/Wikipedia

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот