X
 18.04.2015 Образование

Чилеанските студенти повторно на улиците на Чиле

Студентите од Чиле повторно се вратија на улица. Како дел од националниот ден на акција, околу 150.000 луѓе се собраа само во Сантијаго, а десетици илјади низ другите градови.

 

studenti


Причините за протестите се поради тоа што претседателката Бачелет ветила укинување на школарината на факултетите која минатата година поради серија на даночни зголемувања на државата и` донесоа 8.3 милијарди долари. Меѓутоа, поголемиот дел од средствата се наменети за други програми.

„Не е јасно дали ќе се исполнат високите очекувања на студентите. Парите од даночните реформи првично ветени за образованието нема да бидат доволни за финансирање на сите реформи“, вели Диего Вела, еден од организаторите на протестите.

Последните скандали поврзани со корупцијата придонесоа за гневот да порасне.

 

Претходните студентски марширања се фокусирале на притисокот врз претседателката Мишел Бачелет да го исполни нејзиното предизборно ветување за реформи во образованието. Студентите сега велат дека им е смачено да ги чекаат промените и им се гади од серијата на корупциски скандали во кои се вклучени политичарите и бизнис елитата.


На банерите што ги носеа, студентите бараа промени во образовниот систем карактеризиран од сиромашните јавни училишта, скапите приватни универзитети и неподготвените наставници.

 

Главниот организатор на протестите е конфедерацијата на чилеанските студенти.


„Доста ни е од оваа демократија која им служи само на големите бизнисмени. Не, ние сакаме вистинска и партиципативна демократија во која социјалните актери се навистина слушнати“, вели претседателката на конфедерацијата Валентина Саведра.

 

Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование